За денеска (17.03.2025) во 18 часот се најавува собир на градскиот плоштад во Тетово, за оддавање чест на настраданите од големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани.
На социјалните мрежи кружи информација дека се повикуваат сите граѓани во 18 часот да се упатат на плоштадот во Тетово, за да се запали свеќа за починатите.

-Нека овој мал чин биде знак на почит, солидарност и поддршка за семејствата што ги изгубија најблиските. Ве молиме сите што сте во можност да дојдете и да оддадеме почит заедно – стои во повикот.