Приведен 74-годишник од Леуново бидејќи агресивно се однесувал и заканувал на судијка, информираат од СВР Тетово.
-На 26.03.2025 во 08.45 часот во с.Леуново, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 74-годишник од с.Леуново, постапувајќи по претходна пријава дека на 17.03.2025 во просториите на Основен суд Гостивар, по завршување на судската расправа, агресивно се однесувал и се заканувал на судијката која го водела случајот. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок – се вели во билтенот на СВР Тетово.
Од СВР Тетово информираат и за приведен 40-годишник од Република Црна Гора, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка 42 – годишна партнерка од Тетово во нејзиниот стан, каде што заедно живееле. И против него ќе следува соодветна пријава.
Во билтенот информираат и за инцидент на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. „Тетекс“ од Тетово и Ф.К. „Влазрими“ од Кичево.
-На 26.03.2025 во 19.00 часот во СВР Тетово, 38-годишник од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К.,,Тетекс“ од Тетово и Ф.К.,,Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, при прекин на играта бил физички нападнат од физиотерапевтот и голманот, двајцата од гостинската екипа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот – се вели во соопштението на СВР Тетово.