Додека сè уште чекаме на летечки автомобили и роботи кои ќе ни го чистат станот без да се расипуваат на секои две недели, научниците и иноваторите ширум светот не мируваат.
Буквално секој ден се развива нешто што звучи како да е извадено од научно-фантастичен филм. Еве неколку футуристички изуми што можеби ќе станат реалност побрзо отколку што мислиме:
Хиперлуп транспорт – патување со брзина на звукот
Илон Маск го замисли, а неколку стартапи веќе работат на тоа – транспортот со вакуумски цевки наречен „Хиперлуп“. Со теоретска брзина од над 1000 км/ч, замислете да стигнете од Скопје до Охрид за само 10 минути!
Мозочен интернет – мисли поврзани со Вај-Фај
Компании како „Неуралинк“ работат на тоа луѓето да можат директно да комуницираат со компјутери преку чипови имплантирани во мозокот. Звучи лудо, но ваквите работи веќе се тестираат и во иднина можеби ќе можеме да функционираме како во филмот „Матрикс“
Проширување на реалноста преку АР очила
АР (Augmented Reality/Проширена реалност) очилата наскоро ќе станат новиот смартфон. Ќе можеме да гледаме мапи, пораки и дури и преводи во реално време – директно пред очите, без да го вадиме телефонот. „Епл“, „Мета“ и „Гугл“ веќе се во трка со времето.

Персонални роботи асистенти
Од готвење, чистење до водење белешки – домашните роботи веќе се тестираат во голема мера. Можеби во блиска иднина ќе имаме сопствен личен робот, кој ќе ни ја пушта омилената музика, ќе нè потсетува на обврските и ќе ни носи кафе.
Самообновливи материјали и паметна облека
Замислете јакна која ја менува бојата според температурата или самата се поправа ако се искине. Научниците веќе работат на вакви ткаенини кои не само што ќе бидат практични, туку и еколошки.
Холограмски комуникации
Заборавете на видео повици – иднината е во 3Д холограми. Ќе можете да разговарате со некого како да е во собата, иако е на друг континент. Како „Војна на ѕвездите“ во реалноста, а многу медиумски куќи веќе и го тестираат ваквиот тип на комуникација.