Почитувани,
Во пресрет на Велигденските празници, Плус форте радио ќе емитува Велигденски честитки, за време на празничните денови.
Имено, од Велика сабота (19.04), па се до третиот ден од Велигден (22.04), ќе се емитуваат Велигденски честитки од компании, фирми, здруженија, политички партии, општини, проследени со соодветни музички нумери.
Плус форте радио постои како медиум веќе три децении, но опстојувањето е голем предизвик, особено во овие тешки времиња. Со Вашата поддршка успеваме да бидеме присутни во етерот и да создаваме програма и информации од Ваш интерес. Со ваквиот начин ни изразувате огромна почит и поддршка и ни помагате да опстоиме и понатаму. Воедно имате можност да го етаблирате Вашиот бизнис како бренд и да ги задржите клиентите со гест на внимание, како и да добиете нови. Плус форте радио ја продолжува оваа традиција веќе долги години.
Сите заинтересирани за Велигденски честитки може да се обратат на телефонските броеви: 078/ 841 – 202 (Маја) и 078/329 – 991 (Небојша), или пак на нашите е-маил адреси: plusforteradio@yahoo.com и kanalplusforte@gmail.com .