Гоце Симоноски е македонски композитор, писател и мултимедијален уметник, чиј творечки опус се одликува со длабока поврзаност помеѓу уметноста, науката и природата.

Неговите дела се инспирирани од математички концепти, природни феномени и универзални прашања, кои ги претвора во уникатни музички и литературни изрази.
Дипломира во класата на проф. м-р Гоце Коларовски, а неговите дела, покрај во Македонија, се изведувани и во Србија, Бугарија, Албанија, Словенија, Германија, Обединетото Кралство и САД.
Музика инспирирана од природата и математиката
Во 2017 година, Симоноски ја создава композицијата „Спирала“, инспирирана од Фибоначиевата низа. Ова експериментално дело ја отсликува хармонијата меѓу математичките структури и музичката форма, користејќи спектрална музика и аликвоти за да го долови природниот ред и убавина. Композицијата е петоделна и ја следи логиката на Фибоначиевата низа, при што звукот е генериран преку вокални снимања и дигитална обработка, создавајќи уникатно аудитивно искуство.
Популарна музика
Покрај своето уметничко творештво, Симоноски активно твори и во доменот на популарната музика. Како автор, аранжер, изведувач и продуцент, се појавува во повеќе од десет албумски изданија и над 200 песни. Соработувал со бројни познати изведувачи, меѓу кои:
-Лозано, ДНК, Суперхикс, ХајКонтрол, КонкверингЛајон, Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Магдалена Цветскоска, Горан Папазовски, Влатко Стефановски, Наум Петрески и други.
Литературно творештво
Во 2018 година ја објавува својата прва книга, насловена „Едно“ —филозофски трактат кој ги истражува суштинските прашања за природата, музиката и човечкото постоење. Во книгата, Симоноски предлага провокативна хипотеза: дека музиката, како форма на изразување, во иднина би можела да стане ирелевантна, дури и да исчезне — како последица на експоненцијалниот технолошки развој. Книгата е достапна преку платформата КупиКнига.мк.

Пред промоцијата на книгата „Едно“, Симоноски во придружба на сопругата Соња и композиторката ДаријаАндовска, која настапи во својство на рецензентка
Наука и едукација
Како активен соработник на платформата „Наука за сите“, Симоноски објавуваше текстови посветени на музиката, еволуцијата и естетиката. Неговите написи имаат за цел да ја доближат науката до пошироката публика, истакнувајќи ја нејзината поврзаност со уметноста и секојдневниотживот. Линк до написите — тука.

