Плус форте радио и „Сајмон Сез Продакшн“ со гордост Ви ја претставуваат промо епизодата на детскиот подкаст „Младите Мудреци“.
Со оваа промо епизода, најавуваме подкаст кој ќе ги опфаќа Општинските основни училишта во Тетово (паралелки од македонска настава – нижи и виши одделенија), преку кој ќе ги промовираме активностите на училиштата, талентите на младите, нивната креативност, труд и знаења, а ќе целиме и кон совладување на нови вештини како што е јавното говорење.
Плус форте радио има за цел да учествува во промоцијата на училишните активности и да даде свој придонес за унапредување на образовниот процес во Тетово. Во соработка со „Сајмон Сез“ продукција, најавуваме уште неколку епизоди од подкастот кои ќе бидат емитувани после зимскиот распуст, со соодветен распоред за кој ќе бидете навремено информирани.
Со оваа Новогодишна, промо епизода, најавуваме едно прекрасно патување со најмладите, нашата иднина и гордост. Огромна благодарност до сите училишта, Секторот за јавни дејности – Тетово, директорите, наставниците, учениците кои со отворен ум и срце ја прифатија идејата за реализација на оваа епизода и секоја следна. Благодарност и до „Акустик бенд“ за музичката магија.
Среќна Нова година и среќни празници!
Очекувајте уште новитети – тука за Вас,
Плус форте радио
„Сајмон Сез Продакшн“

