Победа за Лина – успешен почеток во квалификациите за АО

Сподели:

Победа за Лина Ѓорческа на почетокот од квалификациите за Австралија опен.

Најдобрата македонска тенисерка, во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0), за 62 минути.

Првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на 5:4, а во следните три гема на противничката и препушти само два поена.

Ѓорческа вториот сет го освои без загубен гем. Следна противничка на нашата Лина е Тамара Зиданшек од Словенија, која со 2:0 ја победи Французинката Џесика Понше.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top