Утре започнува турнирот во мал фудбал кој го организира навивачката група „Војводи“ од Тетово.
Од таму велат дека организацијата на турнирот работи со полна пареа и сметаат дека овој настан ќе биде одбележан достоинствено.

Турнирот е наречен „ВО ПОМЕН НА ОТСУТНИТЕ” и освен што има за цел да се потсети на сите оние што веќе не се меѓу нас, цели и кон тоа повторно да ја оживее традицијата на играње мал фудбал во Тетово. „Војводи“ ги објавија и распоредите на играње.



