Ново гостување на театарот од Сињ (Хрватска) – комедијата „Вај Фај“ пред Тетовци

Сподели:

Тетовци уште еднаш ќе имаат можност да уживаат во театарската магија на театарот од Сињ, Хрватска, овојпат на комедијата „Вај фај“.

-Ако порано се бараше пипер за ајвар, сега се бара шифра за „вај – фај“. Заборавете на интернетот, дојдете да се насмееме! Ново гостување на театарот од Сињ (Хрватска), овојпат со комедијата „Вај Фај“ во режија на Жељко Вицулин, а по текст на Мирољуб Недовиќ – велат од Македонско-хрватското друштво кои се организатори на настанот.

Претставата е закажана за 5 јуни (петок), во ЦК „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, со почеток во 19 часот.

-Одличните гости од театарот од Сињ ќе нè прошетаат низ лудилото на модерното живеење каде лајковите се поважни од сè друго – додаваат од МХД.

Влезот, напоменуваат од МХД е слободен.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top