Нов успех за детскиот хор „Крешендо“ – специјална награда и 100 поени на фестивалот „Арт Ин“ во Кавадарци

Сподели:

Детскиот хор „Крешендо“ од Тетово продолжува да ниже успеси и да го афирмира својот квалитет на домашната и меѓународната сцена.

Овојпат, „Крешендо“ доби значајно признание на Интернационалниот фестивал „Арт Ин“, кој се одржа во Кавадарци, освојувајќи специјална награда и максимални 100 поени од стручното жири.

Овој успех претставува потврда за посветената работа, љубовта кон музиката, талентот на децата, како и високото ниво на професионалност и вложен труд од страна на предводниците на хорот, диригентките Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска.

Интернационалниот фестивал „Арт Ин“ е културна манифестација која опфаќа четири дисциплини: класика, фолклор (традиционални инструменти), естрада и кореографија.

Успехот на „Крешендо“ е уште една потврда дека талентот, трудот и посветеноста носат резултати. Освојувањето на специјалната награда со максимален број бодови претставува голема чест, не само за членовите на „Крешендо“, туку и за Тетово, кое преку нивните настапи добива достојна промоција на културен и музички план.

Неодамна, хорот освои и прво место и златен медал на XXV Хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, БиХ.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top