И годинава Лешоќкиот камерен музички фестивал нуди богата програма со повеќе изведувачи.
Имено, програмата започнува во 18 часот со настапот на Петар Митиќ на пијано.

По него следи настапот на Исмет Вејнели (тенор) и Шкељзен Бафтијари (пијано), со почеток во 19 часот.

Лешочкиот камерен музички фестивал се одржува во Духовно културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“, во Лешок и секоја година нуди квалитетна класична музика. Вечерва е втората фестивалска вечер, а фестивалот се одржува веќе шеста година по ред.

