Тетово има уникатно место за уживање, добро друштво и – домашно крафт пиво.
Ако досега пивото за вас било само „светло или темно“, време е да откриете дека приказната може да биде многу поширока. Во Ашва Пабче ве очекува нешто поразлично – домашно крафт пиво, уникатна атмосфера и место создадено за оние кои сакаат да пробаат нови вкусови.
А што всушност значи домашно „крафт пиво“?
Крафт пивото е пиво произведено со посебно внимание кон квалитетот, вкусот, состојките и начинот на производство. Најчесто се произведува во помали серии, каде што пиварите имаат поголема слобода да експериментираат со различни стилови, ароми и вкусови. Крафт (домашно) пиво (или уште се нарекува занаетчиско пиво) е пиво што се произведува во мали, независни пиварници, со помал обем на производство, со поголем акцент на квалитетот, традициите и уникатниот вкус, отколку на масовната индустриска заработка.
Затоа (домашното) крафт пиво не мора да има само еден вкус на кој сме навикнати. Може да биде поароматично, посилно, овошно, горчливо, освежително или целосно различно од она што досега сте го пробале.
Со други зборови – домашното крафт пиво е за оние кои сакаат пивото да има карактер.
Единствено место каде што тоа може да го направите е во Ашва пабче-Тетово.
Ашва пабче е место кое сака да внесе нешто ново во градската понуда и да им покаже на тетовци дека пивската култура може да биде многу поинтересна од вообичаената.
Она што го прави Ашва посебно е токму понудата на (домашно) крафт пиво – нешто што во моментов го издвојува пабчето како уникатно место во Тетово.
Без разлика дали веќе сте љубител на (домашно) крафт пиво или сè уште се прашувате „што е толку посебно во тоа пиво?“, Ашва пабче е местото каде што можете да го откриете одговорот – директно од чаша.
Не доаѓај само на пиво. Дојди да пробаш нешто ново.
Ашва Пабче е создадено за опуштено дружење, разговори, добра атмосфера и ново пивско искуство.
Ашва Пабче се наоѓа на улица Иво Лола Рибар, Тетово, веднаш до Работнички универзитет.

