Од навивачката група „Војводи“ – Тетово, организираат меморијален турнир во мал фудбал, а пријавувањето е во тек. Објвата и повикот на „Војводи“ ви го пренесуваме во целост:
-Ги известуваме сите тетовчани, членови на групата, симпатизери на нашата гордост ТЕТЕКС како и пошироката јавност дека почнувајќи од 14.03.2026 ќе се организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на сите оние кои веќе не се помеѓу нас! Целта на овој турнир не е само натпреварување во фудбал, туку и враќање на една традиција која му фали на градот и која ќе не спои сите на едно место.
Турнирот ќе се одржува секој викенд во месецот март, почнувајќи од 14.03 во салата на средното Економско училиште. Пријавите ќе се вршат во кафе бар „Двор21“ или на телефонскиот број 076/317 700.
Котизација е 6000ден од екипа – 10 играчи во екипа.
Турнирот ќе има награден фонд за најдобар стрелец, најдобар голман, најдобар играч и секако за освојувачите – велат од навивачката група „Војводи“ Тетово.


