Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје, најавува концерт во Гостивар.
Концертот е закажан за 23 мај (петок), со почеток во 19 часот, во НУ Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар. Концертот е насловен „Од Вардар за Вардар“, а диригент е Јасмина Ѓорѓеска – Каро.

На овој начин, Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје, одбележува 25 години постоење, а планирани се настапи и низ повеќе други градови во цела држава.
Градскиот Мешан Хор „Вардар“ речиси две децении ја негува убавината и богатството на хорската музика во државата и надвор. Предводен од светската, а наша диригентка Ѓорѓеска, за 23 мај, од хорот најавуваат вистински хорски спектакл за гостиварчани.
