Касами и Меџити ветуваат зелено и развиено Тетово

Сподели:

„Нашето Тетово чекори кон зелена и развиена иднина!“, стои во објавата на Општина Тетово, на социјалната мрежа „Фејсбук“. На денешната средба помеѓу градоначалникот на Општината, Биљал Касами и првиот вицепремиер на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, тие ја најавија нивната како што рекоа визија, за зелено и развиено Тетово.

-Широко разгиваравме за клучните прашања поврзани со урбаниот развој на Тетово и мерките за заштита на животната средина. За време на овој состанок, заеднички извршивме и увид на работите на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, клучен проект кој значително ќе ја подобри инфраструктурата и мобилноста на нашите граѓани. Овој состанок беше значаен чекор кон конкретни проекти, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани, со фокус на одржливо планирање и озеленување на јавните простории – се вели во изјавата на Касами.

Од Општината ветуваат гаранција за како што велат почисто и поразвиено Тетово. Во меѓувреме, градот се гуши во нечист воздух и бројни отпадоци, во речиси сите делови.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top