Касами издал наредба за вонреден инспекциски надзор на територијата на Општина Тетово

Сподели:

Ќе се вршат вонредни инспекциски надзори на територијата на Општина Тетово, иформираат од Општината.

Имено, наредбата е издадена од страна на градоначалникот Биљал Касами, а ќе се вршат инспекциски надзори во јавни установи и објекти од јавен интерес.

„Врз основа на важечките законски одредби и во интерес на гарантирање на безбедна средина за сите граѓани, градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, издаде наредба за вонреден инспекциски надзор на територијата на општина Тетово. Општинските инспектори ќе вршат инспекциски надзори во:

– Објекти од јавен интерес,

-Jавни установи со зголемена фрекфенција на граѓани, вклучувајќи трговски центри, верски објекти, хотели, угостителски објекти и игротеки за деца.

Целта е да се оцени усогласеноста со законските нормативи, согласно Законот за градење, Законот за животна средина, Законот за квалитет на воздухот и други подзаконски акти.

Надзорите ќе траат до 28 март 2025 година, а по нивното завршување ќе биде доставен конечен извештај до градоначалникот“, се вели во објавата.

Општината ја објави оваа одлука на официјалната „Фејсбук“ страница.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top