„Корал“ – раѓање на една нова тетовска гастрономска приказна

Сподели:

Знаеш дека ќе слушнеш убаа приказна когај уште при самиот поздрав ќе видиш ентузијазам у очите на соговорникот.

Когај збориш за нешто што го праеш од љубов, очите ти се смеа. Го приметив тоа кај Љубомир дур почна да ми раскажуе како дошол до идејата да почне една нова приказна у Тетоо наречена „Корал“.

-„Корал“ асоцира на свежина, на нешто убоо – почнуе Љупче.

Ама името има и подлбоко значење, татко му на Љубомир, а и семејството, са дел од една преубаа дводецениска приказна у нашиов крај, „Шарпланинци“ – Тоа се бројни Тетовци, ама и људи од другите краишта на Македонија, асли едриличари, кои са стално активни у Едриличарскиот Клуб „Нов Ветер“ и редовно са дел од организацијата на разни едриличарски флотиле и регате на многу места на Медитеранот. Како што вика Љубомир, на најмладите од тија фамилије детството им прошло у постојан допир со едриличарството, како спорт, со морето и неговата флора и фауна.

-Мие како деца стално смо го консумирале тој спорт, а спротивно на популарното мислење, едриличарството не е спорт на луксуз, туку е спорт на љубов кон природата, екологијата, водата, а храната што доаѓа од морето е неодминлив дел од едриличарската приказна. Свите тија спомени, искуства и љубов повржани со едриличарството дополнително ме инспирираја да го смислим името „Корал“.

Заедно со Јовица Пандиловски, кој е главен кувар у „Корал“, смислиле концепт што е новитет у Тетоо, кој асоцира на пошироката медитеранска кујна, од која мие смо нераскинлив дел. Когај ќе ја видиш убоо скоцканата фурна, интересните даске и судчиња у кои се служи храната, буквално ти иде да наручаш све што имаа за да доживиш гастрономска екстаза. Фокус на „Корал“ са здравите и квалитетни намирнице, кои ги набавуа од локални производители, со што ги поддржуа и малите бизниси у Тетоо и околината. Љубомир има визија – да го врати времето когај генерације и генерације се хранеле со домашни, непроцесирани намирнице, а „Корал“ на долг рок да инсистира на што поквалитетен и поразновиден начин на јадење.

-Можда не смо ни доволно свесни колку е важно тоа што го консумирамо како храна. Важноста на микробиомот у нашиот стомак е неоспорна, тоа го научив од жена ми Симона – тоа што го јадемо у голема мера влијае на целокупното здравје, хормонален баланс и расположението генерално. Високиот крвен притисок е број еден непријател на Тетовци, а брзиот живот често не тера да консумирамо премногу црвено месо, пржена храна, брза храна. Нашата мисија е да го доближимо квалитетот до људите, да имаа можност да се храна соодветно, со убаај, разновидни, здрави, локални намирнице, медитерански намирнице, зготвени домаќински, со мерак. Сакавмо да напраемо спој и на традиција и на квалитет – раскажуе Љубомир.

Сабајлињата са резервирани за убав, богат доручек, со свекакви видоој на сендвичи, свежи салате, традиционални оброци, чорбе, а огромен и кључен дел од „Корал“ са и готвените јадења за кои се примаа наручке у текот на днот – најубоо од пладне, за храната саглам да се спреми, за фамилијарен ручек по избор на клиентите. Сваки дн со нова делиција – нивното „готвено на днот“ свекоаш потсетуе на најубаајте ручеци што порано биле неизбежен дел од нашето секојдневие. Може да си кркате тава ориз со бутке, различни други таве со мевце и зеленчуци, а никој не може да остане имун на домашна сарма од лозов лист, ребро у фурна, мевце на скара, ненадминливата турлитава. Неизоставен дел са и морските плодоој, за свите што са љубители на квалитетна морска храна и што сакаа да се осеќаа како да са на море. Попладне се распаљуе и фурната, кј што приготвуа појќе видоој на пице и панцероте.

-Од свежи до готвени јадења, се трудимо да им пружимо на људите комбинација на соодветна количина, квалитет и укус – тврди Љупче.

Свекоаш свежите состојке са многу важен дел од специјалитетите што се спремаа у „Корал“.


„Кој работаш, работај со двете руќе, кој љубиш љуби комплетно“ – ваќе му викал дедо му на Љубомир, по кого го носи и името, дур заедно работале у бавчичето кј што дедо му одгледуел градинарски културе. Неговиот татко па, Јоше Шише дур бил воен заробеник у Аустроунгарија, работал градинарство, а откако го ослободиле, он од тамо донел у Тетоо семиња што овде ги немало и е првиот што го донел и одгледуел пашканатот како зеленчук кј нас. Неговата жена па, Перса, одгледуела бубице од кој се произведуела свила, деликатен процес кој бара специфични услови. Таја љубов спрема природата и нејзините плодоој, се пренесуела од генерација на генерација, од Јоше на Љубомир и негојте браќа и сестре, па на внуците, а сега и на Љупче и негојте сестре и братучеди, кој стално се труда да црпа инспирација од лекцијете и искуствата на тија пред нив.

—Црпим инспирација од приказнете. Свите остаеле некаков белег, а конкретно бавчованџиството, или градинарството, се одржуе со голема љубов и почит, затоа што преку него и смо учеле важни животни лекције. Може да се каже дека „Корал“ е бш тоа – еден збир на разни искуства, почит спрема традицијата и љубов кон природата и квалитетната храна. Сега смо на самиот почеток, ама имамо желба да идемо напред – кажуе со ентузијазам Љубомир.

Корал“ го краси и дело на тетовската ликовна уметница Ивана Настески, кде у фокус е нашата тетовска Менада, како и универзумската симбиоза од боје и баланс, што одлично се уклапа у приказната и визијата на „Корал“.

Лоцирани у познатото Ајдучко маало, „Корал“ со понудата на квалитетна храна и занимливо место за дружба, са предвесник за една нова и живописна, гастрономска тетовска ера.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top