Тетово повторно ќе се соочи со рестрикција на вода заради поставување на СКАДА системот за дигитализација на управувањето со водоснабдувањето, информираат од ЈП за Водовод и Канализација „Шари“, Тетово. Рестрикцијата ќе се одвива денеска во период од 14 до 16 часот и 30 минути.
Од таму ги известуваат граѓаните дека целта на проектот е подобрување на квалитетот и управувањето со услугите за како што велат, сите граѓани на Тетово.

Известувањето од јавното претпријатие „Шари“ е објавено на нивната официјална „Фејсбук“ страница.