Најден починат 50-годишник на патот од Ново село кон Зубовце

Сподели:

Во текот на вчерашниот ден(05.02.2025), околу 15.30 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека на патот од с.Ново село кон с.Зубовце бил пронајден починат 50-годишник од с.Зубовце, гостиварско. Лекар од Итна медицинска помош Гостивар констатирал смрт, а увид на местото извршиле екипа на ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција – информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

47-годишничка, од Тетово пак, пријавила дека вчера околу 13.00 часот на улица „146“, заедно со нејзините внуци била нападната од неколку кучиња скитници и при обид да ги одбрани внуците паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Ова се другите регистрирани случаи од СВР Тетово од изминатото деноноќие:

-На 05.02.2025 во 20.15 часот во близина на фабрика во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле една ќеса со марихуана. Дрогата била подигната за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.02.2025 во ОВР Гостивар бил извршен службен разговор со 26-годишник од с.Долна Бањица, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 05.02.2025 во 22.40 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, привеле 55-годишник од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија, стои во билтенот на СВР Тетово.Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него биде поднесен соодветен поднесок.

Од СВР Тетово информираат и дека вчера било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Џепчиште, тетовско, 57-годишник од с.Шемшево, тетовско, управувајќи четирицикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Внесреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top