Одличен настап на пливачите од ПК „Шара Свим“ на XXIII М.П.М. „Трофеј Цара Константина“ 2026, во Ниш.
Од пливачкиот клуб велат дека нивните пливачи покажале борбеност, дисциплина и голем напредок, а најголемата награда се подобрените времиња на пливање и насмевките по секоја трка.

Пливачот Михаил Стаматоски (генерација 2020) забележал одличен настап, подобрувајќи ги своите лични рекорди и освојувајќи награди во својата генерација.

Од пливачкиот клуб велат дека се задоволни од резултатите, особено од тоа што учеството на натпреварот за младите пливачи е едно ново искуство од кое ќе носат позитивни впечатоци.
ПК „Шара Свим“ постојано бележи позитивни резултати, кои се должат на напоррната работа и вложениот труд на децата и тренерите.


