Пожар во куќа во Доброште – детали од билтенот на СВР Тетово

Сподели:

На 01.02.2025 во 20.40 часот во СВР Тетово бил пријавен пожар кој настанал во куќа сопственост на 60-годишник од с. Доброште.

Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, информираат од СВР Тетово.

Во билтенот се регистрирани уште неколку случаи во изминатиот викенд:

-На 01.02.2025 во 22.10 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 40-годишник од с.Радиовце, постапувајќи по претходна пријава од 25-годишник од с.Брвеница, дека во угостителски објект во с.Брвеница истиот физички го нападнал. На 02.02, пак, во 02.15 часот во ПО Камењане 68-годишник од с.Камењане, пријавил дека неговиот син бил физички нападнат од двајца жители на с.Камењане. Според пријавеното, тие му го оштетиле и возилото.

Во текот на денешниот ден, во 02.30 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Тодор Ципоски Мерџан” во Тетово, лишиле од слобода 37-годишник од Тетово, кој бил со патничко возило ,,голф” со тетовски таблици и агресивно се однесувал кон нив, додека преземале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Денеска исто така, во период од 01.20 до 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во с.Равен. При акциската контрола од слобода се лишени 48-годишник од Гостивар, кој агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија, 32-годишник од Гостивар, кој физички нападнал полициски службеник при вршење на службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок – стои во соопштението на СВР Тетово.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top