Приведен 34-годишен тетовец за извршување обљуба врз малолетник

Сподели:

34-годишник од Тетово е лишен од слобода, заради извршување обљуба врз малолетник.

СВР Тетово постапиле по претходна пријава од ноември, 2024 година. За случајот биле известени и вклучени Јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок – информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Во денешниот билтен и информација за пронајдена марихуана кај двајца жители на Тетово.

-На 06.02.2025 во 22.00 часот на улица ,,Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 34 и 22-годишник, двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе им биде изготвен соодветен поднесок – се вели во соопштението.

Во текот на вчерашниот ден, исто така, во периодот од 23.20 до 00.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државен пазарен инспекторат – Тетово, извршиле контрола во угостителски објект на улица ,,Илинденска“ во Тетово со цел пронаоѓање и откривање на лица инволвирани во извршување на различни кривични дела. За време на контролата од слобода биле лишени од слобода 34-годишна жена од с.Рогле, тетовско, 44-годишна жена од Крива Паланка и 32-годишна жена од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 191 од кривичниот законик. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.

Исто така, вчера бил приведен и 50-годишник од Тетово, поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на 50-годишник од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Тетово.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top