Пронајдена марихуана кај 28-годишник од Гајре – соопштение на СВР Тетово

Сподели:

28-годишник од Гајре е лишен од слобода, откако кај него била пронајдена марихуана, информираат од СВР Тетово.

Ова се останатите настани регистрирани во билтенот:

-На 03.02.2025 во 16.30 часот во СВР Тетово, 23-годишник од Тетово пријавил дека околу 16.20 часот во продажен објект во Тетово бил физички нападнат од 23-годишник од Тетово. На 03.02.2025 во 23.35 часот пак, на улица ,,Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле 43-годишник од Тетово затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На 03.02.2025 во 21.50 часот на ул.„Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 25-годишник и 46-годишник, двајцата од Гостивар, затоа што пред влезот на Градскиот пазар го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок. Во текот на вчерашниот ден, во 18.30 часот во ОВР Гостивар, 76-годишник од Гостивар, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот 47-годишен син. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – стои во билтенот на СВР Тетово.

Од СВР Тетово информираат и за две пријави за каснување од кучиња скитници.

-На 03.02.2025 во 16.40 часот во ОВР Гостивар, 30-годишник од Гостивар пријавил дека на ул.„Б. Велјаноски“, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 03.02.2025 исто така, во 19.00 часот во СВР Тетово 45-годишник од Тетово пријавил дека на улица „146“ во Тетово неговиот малолетен син,бил каснат од куче скитник – се вели во соопштението на СВР Тетово.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top