Пронајдени куршуми од огнено оружје и марихуана при претрес во домот на 32-годишник од Тетово, информираат од СВР Тетово.
Претресот бил извршен по судска наредба, во домот на Тетовецот. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Тетово, се работи за куршуми од огнено оружје калибар 9 милиметри.
32-годишниот Тетовец е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР Тетово.