Традиционална ловечка забава на ловечкото друштво „Шар Планина“

Сподели:

Ловечкото друштво „Шар Планина“ – Тетово, повторно организира традиционална ловечка забава. Овој пат, забавата е закажана за 1 март (сабота).

-Почитувани ловџии и љубоители на природата, Ве известуваме дека Ловечкото друштво „Шар Планина“ – Тетово, организира традиционална ловечка забава која што ќе се одржи на 01.03.2025 година (сабота), во ресторан „Електра“ – Брвеница, со почеток во 19 часот. Вечерта ќе биде збогатена со богата лотарија, а како главна награда ќе се додели ловечка пушка. За прекрасната забава ќе се погрижи Анета со нејзиниот бенд „Декапо“. Картите се пуштени во продажба, а за сите информации можете да се обратите во Ловечкото друштво „Шар Планина“ – Тетово – известуваат од друштвото.

Инаку билтетите за забавата чинат 1700 денари. Секоја влезница учествува во лотаријата.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top