Пливачкиот клуб „Шара Свим“ оваа година одбележува 2 години постоење и успешна работа, а по тој повод организира голема роденденска прослава за сите свои членови, пријатели и поддржувачи.
Настанот ќе се одржи на 14 јуни 2026 година (недела) со почеток во 17:00 часот на Градскиот базен во Тетово.
Организаторите најавуваат богата програма исполнета со музика, забава и дружење, како и бројни изненадувања за присутните, а ќе бидат доделени и награди.

Од клубот порачуваат дека иако роденденската забава е за одбележување на успесите на членовите, сепак сите се добредојдени да бидат дел од прославата и заедно да ги одбележат добрите резултати, пријателствата и спортскиот дух кои беа главни карактеристики изминатите две години.
-Ве очекуваме на заедничка прослава исполнета со насмевки, позитивна енергија и многу забава – порачуваат од „Шара Свим“.

