Б’дња баба у Тетоо не се забраа – оваа традиција и годинава ќе продолжи и тоа на најубавиот можен начин, со маскирање на дечињата.
Централната прослава на Б’дња баба ќе се одржи на градскиот плоштад во Тетово, на 6-ти јануари, со почеток во 18 часот. Граѓаните ќе може да уживаат во креативноста на дечињата и нивните маски и да придонесат кон продолжувањето на оваа убава традиција.
Маскираните деца ќе бидат собрани на градскиот плоштад, а ќе има и многу музика и забава како дел од настанот. Збирно место е пред Новогодишната елка, на самиот плоштад. Од организацијата, повикуваат на масовност.
Кој што спие, нека стане!


