Од СВР Тетово информираат дека денеска било пријавено во ОВР Гостивар оти во Мавровско езеро се срушил мал спортски авион, со двајца косовски државјани, на кои се однесени во болница и им се укажува медицинска помош.
-Денеска (12.12.2025) во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион. Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош. Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото – се вели во соопштението на СВР Тетово.

