Пред повеќе од деценија, создадени се неколку музичко-документарни емисии, во продукција на тогашната телевизија „Менада“, кои говорат за развојот на музиката и мноштвото таленти со кои располага Тетово, во оваа област.
Ноќниот живот, формирањето на бендови, отворањето на првите кафулиња се само дел од интересните приказни кои ги има градот под Шара, за општествено-социјалниот живот.
Во 2014 година, создадена е и емисијата за еден од најуспешните рок бендови од Тетово – „Хај Контрол“. Тоа е бендот кој издаде низа авторски песни, настапи на популарниот фестивал „Егзит“, а сними и албуми и одржа бројни свирки низ повеќе градови во Македонија. Еден од омилените бендови на Тетовци иако веќе не е активен, сепак буди убави спомени од едно креативно и музички богато време. Во продолжение „Рок приказна“ на „Хај Контрол“ – новинар: Маја Пероска, продукција: Телевизија „Менада“.
Во следна прилика, ќе споделиме и други телевизиски и радио емисии кои оставиле белег во медиумскиот простор, а ги промовираат талентите, уметниците и креативците од Тетово. Богатата архива нека биде потсетник за сето она што градот го нудел, од областа на културата, музиката и уметноста.

