Во понеделник, 22 јуни, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ – Тетово, ќе биде отворена ликовна изложба на академскиот сликар ВладимирТемков од Кавадарци.
„Кавадаречкото сонце во светлината на делата на Темков“ е наречена изложбата на истакнатиот македонски сликар и добитник на државната награда за животно дело „11 Октомври“.

-Преку овој извонреден циклус на дела, Владимир Темков нѐ воведува во визуелен универзум во кој локалниот пејзаж и култните објекти добиваат длабока симболична димензија. Неговата мајсторска игра со боите и композицискиот ритам ги испреплетува реалноста и личното доживување, правејќи го видливо она што е скриено – се вели во објавата на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.
Изложбата ќе се отвори во 20 часот.

