Бесконечен плоштад – архитектонска приказна за едно заедничко место

Сподели:

Многумина ги слушнале приказните и спомените од постарите генерации за корзото во Тетово, во чие средиште бил токму плоштадот.

Младиот архитект Благоја Ристовски, оваа среда ќе се претстави со свое излагање за архитектурата и урбанизмот на стариот тетовски плоштад.

Настанот е закажан за 19 часот, во Europe House Tetovo, во центарот на градот.

-Живеењето на тетовското минато е нераздвоив дел од живеењето на тетовската сегашност. Со минатото нѐ поврзуваат сеќавањата на повозрасните и културолошката матрица која ја живееме, но најнепосредно можеме да го допреме преку местата и просторите кои како негов артефакт сведочат за времиња на поинакви принципи, вредности, широчини и однос кон животот и светот. Зборуваат за еден поинаков однос на едни луѓе кон себе.

Меѓу најистакнатите вакви примери е стариот тетовски плоштад, што опстојува од 1967-2009 година. Бисер на современата македонска архитектура во 20-тиот век. Архитектонска реализација што е плод на архитектонски пристап чии архитектонски вредности се одмереност, чувство за целина, човекомерливост, складност, одржливост.

Ова е архитектонска приказна за исклучителната архитектура и урбанизам што ги чини овој тетовски плоштад. За тетовската архитектонско-урбанистичка круна, за тетовската главна градска урбанистичка сцена, за гостопримливото место кое беше и за неговата поширока слика. Ваква скапоценост своевремено е секојдневие на тетовчани, нивно заедничко место. Ова е архитектонска приказна што на разбирлив јазик се навраќа на плоштадот и ги објаснува неговите извонредни архитектонско-урбанистички квалитети – вели Ристовски.

Настанот ќе понуди интересно излагање привлечно за сите генерации, а сето она што Ристовски ќе го презентира е достапно и во форма на издание.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top