Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ – Тетово, ги повикува делегециите на граѓанските организации, политички партии, здруженија и локална самоуправа да присуствуваат на одбележувањето на 2 август – Илинден, 123 години од Крушевската република и 82 години АСНОМ.
Чествувањето ќе се одржи пред Споменикот на револуцијата во Тетово, со почеток во 10 часот. Ќе биде прочитан пригоден реферат, а делегациите ќе положат цвеќе пред споменикот.
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ – Тетово, секоја година го организира одбележувањето на овој светол празник од македонската историја.


