„Голем чекор кон конечно решение за имињата на улиците во Тетово!“ – вака ја започна објавата на својот „Фејсбук“ профил, Алби Ќамили, претседателот на Работната група за именување и преименување на улиците во Тетово.
Во текот на вчерашниот ден, Ќамили претседавал со седницата на работната група, на која биле усвоени уште 145 нови предлози за имиња на улиците во Тетово. Според Ќамили, бил усвоен и Акцискиот план и динамиката на работа, со цел, како што истакнал Ќамили, ова прашање да биде финализирано што е можно поскоро.
-Новите имиња ја одразуваат реалноста и историјата на Тетово, како и на етничките заедници кои живеат во нашиот град. Продолжуваме посветено да работиме на решавање на повеќегодишниот проблем со имињата на улиците. Наскоро ќе го заокружиме овој процес со целосно, сеопфатно и институционално одржливо решение – се вели во неговата објава.
Ова е листата на новите усвоени предлози за имињата на улиците во Тетово:
| 1 | Даут Гура | (1948-1993) Придонес во културата, образованието и општеството – Тетово. Работел како посветен наставник во селата Шипковица, Челопек и Боговиње, со силна посветеност кон ширење и унапредување на образованието на албански јазик и еманципацијата на младите генерации. Бил редовен претплатник на списанија како „Zëri i Popullit” (Тирана), „Nëntori”, „Jehona”, „Flaka e vëllazërimit”, „Rilindja”. Паралелно со образованието, основал драмски и фолклорни секции песни и ора. |
| 2 | Д-р Џафер Сулејмани | (1879-1953) Истакнат албански лекар и интелектуалец во Тетово. Роден на 14 март 1879 година во селото Севран, Албанија. Средното образование го завршил во Грција, а студиите по медицина ги следел во Царската школа за медицина во Истанбул, по што се специјализирал на Сорбона во Франција. Во 1905 година се населил во Тетово каде започнал со лекарска практика. За време на Првата светска војна (1914–1918) и епидемијата на тифус, хуманитарно ѝ помагал на локалната популација, за што бил одликуван од Црвениот крст и од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СKС). |
| 3 | Фадил Сулејмани | (1940–2013) Фадил Сулејмани е роден на 5 декември 1940 година во селото Бозовце, Општина Тетово. Основното образование го завршил во родното место и во градот Тетово, а средното образование исто така во Тетово. Вишата педагошка школа ја завршил во Призрен, додека Филозофскиот факултет, насока Албански јазик и книжевност, го завршил во Приштина. Постдипломските магистерски студии ги завршил во Белград, а докторските студии на Универзитетот во Приштина. Идеатор и основач на Универзитетот во Тетово. |
| 4 | Махмуд еф. Аслани | (1932–2021) Тој беше албански хафиз, алим и учител по Куранот од Тетово, Северна Македонија. Беше широко познат по својата улога во подучувањето на Куранот на деца и во обучувањето на околу 200 хафизи. |
| 5 | Хафез Сали Ефендиа | Поранешен имам на Саат-џамијата. За спасувањето на Саат-џамијата од уривање значаен придонес дал и поранешниот имам на Саат-џамијата, Хафез Сали Ефендија. Тој, додека бил жив, и покрај поодминатата возраст, во разговорите се сеќавал на неколку клучни моменти од тој тежок период за џемаатот на оваа џамија. |
| 6 | Арбен Џафери | Студирал филозофија на Универзитетот во Белград, а пред да се вклучи активно во политиката во 1990-тите години, работел како новинар и уредник во РТВ Приштина. Во 1997 година ја основаше и застана на чело на Демократската партија на Албанците (ДПА) |
| 7 | Мехмет Паша Дерала | (1843–1918) Военик и службеник на Отоманската империја, учесник во дејствијата на Призренската лига, учесник во работата на Собранието во Влора и министер во Привремената влада на Албанија. Дерала се вклучил во качачкото движење во албанските краишта окупирани од Србите, од кои бил уапсен и затворен. Починал во затворот во Подгорица, каде што, според наводите, бил отруен. |
| 8 | Јусуф Реџепи | (1922–2005) Тој беше еден од првите лекари од Тетово. Извесен период ја вршел должноста лекар по општа медицина, а кога се создаде можност да специјализира интерна медицина на Универзитетот во Скопје, се посвети на тоа и во 1957 година стана првиот специјалист по интерна медицина меѓу Албанците во Македонија. Набргу потоа го основа и Одделението за внатрешни болести во Тетовската болница. Во 1993 година застана на чело на албанската политичка партија Народна демократска партија, подготвен да придонесе за правично решавање на нашето прашање. |
| 9 | Јосиф Багери | (1870–1915) Тој беше една од најистакнатите личности на албанската Национална преродба. Беше поет со редок талент, прозаист кој напиша бројни раскази (особено за деца), учител, новинар и публицист, како и пламен патриот, кој целиот свој живот и творештво ги посвети на албанското национално прашање. |
| 10 | Фаик Коница | (1875–1942) Тој беше централна фигура на националното движење, истражувач на албанската историја и јазик, издавач, публицист и новинар, раководител на „Ватра” и албански дипломат. Беше ополномоштен министер на Албанија во Соединетите Американски Држави, а неговото списание „Албанија” тринаесет години претставуваше една од главните трибини на албанската публицистика. Самиот Коница е познат по својата ерудиција, публицистика, стил и влијание што го имаше врз албанската култура и политика. |
| 11 | Алија Изетбеговиќ | (1925–2003) Тој беше првиот претседател на независна Босна и Херцеговина, основач и прв претседател на Партијата на демократската акција. Алија Изетбеговиќ е добитник на Наградата за човекови права на градот Измир (1994), одликуван со хрватскиот орден „Кралица Катарина” (1995), во 1997 година прогласен за почесен доктор на Универзитетот Мармара во Истанбул и на Универзитетот во Ријад, добитник на Медалот на слободата на Република Турција, во 1998 година на Медалот за независност на Катар и Повелбата за мир на Меѓународната хуманистичка лига, како и на наградата на форумот „Кранс Монтана” за промовирање на човековите права (1999). |
| 12 | Рифат Палоши | (1927–2007) Познат лекар од Тетово. Во 1950-тите години беше истакнат медицински работник и познат општествено-политички дејец, кој извршувал различни функции во Општината и во РСМ. |
| 13 | Улица на студентите | Фрекуентност/посетеност на судентите. |
| 14 | Луиѓ Гуракуќи | (1879–1925) Тој беше дејец на националното прашање, учесник и потписник на документот за прогласување на независноста, книжевник, просветен работник и политичка личност во албанската политика во првата четвртина на XX век. |
| 15 | Ибрахим Темо | (1865–1945) Тој беше албански политичар, револуционер во Отоманската империја, интелектуалец и лекар. Беше еден од главните основачи на Комитетот „Единство и напредок”. Исто така, истакнат дејец и значајна личност на Албанската национална преродба. |
| 16 | Ласгуш Поградеци | (1899–1987) Во албанската литература е познат под псевдонимот Ласгуш Порадеци и беше албански поет, просветен работник, писател и преведувач. |
| 17 | Али Подримја | (1942–2012) Беше албански писател од Косово. Автор на повеќе од десет поетски збирки и од критиката се смета за најтипичен претставник на современата албанска поезија и поет со меѓународен углед. |
| 18 | Ндре Мједа | (1866–1937) Тој беше клирик, патриот, филолог и поет, еден од најистакнатите поети на Албанската национална преродба. Покрај својата дејност како поет, Мједа се цени и по својот придонес во усвојувањето на албанската азбука. Учителството и свештеничката служба беа две од дејностите што ги извршуваше во текот на целиот свој живот. |
| 19 | Зеф Серембе | (1844–1901) Тој беше албански лирски поет, арберешки поет и писател, познат по своите книжевни творби и по својот придонес во зачувувањето на албанскиот јазик и култура во Италија. Неговото творештво ја одразува таа фаза на Националната преродба кога националното движење доби замав, поради што патриотските теми под неговото перо добиваат јасен, повикувачки и актуелен одек. |
| 20 | Неџмије Пагаруша | (1933–2020) Таа беше албанска пејачка и актерка. Се смета за кралица на албанската музика. Нејзината 40-годишна музичка дејност е толку обемна што е тешко да се одреди на кој жанр припаѓа. Позната е по своите извонредни интерпретации во народната музика и во операта. Неџмије Пагаруша беше и успешна актерка, како во филмот, така и во театарот. |
| 21 | Мустафа Лачи | Интелектуалец, поет и учител од Тетово. Го ширеше знаењето и мудроста меѓу генерации. Работеше на зајакнување и обликување на албанскиот идентитет според европскиот модел и целиот свој живот се бореше со перо и знаење против незнаењето. Беше и остана до последниот здив стоички и духовно силен, со поетска душа. |
| 22 | Шазие Хоџа | Учителка, една од првите жени од Тетово. Имаше висок спектар на морални и воспитни вредности |
| 23 | Тахир Емини | (1941–2006) Баба Тахир Емини беше учител и дервиш во Тетовската теќе. Беше благороден и мудар човек, голем патриот. Целиот свој живот го посвети на мистичната верска вера и на пораките на големите албански патриоти со бекташиска верска припадност. Во Тетовската теќе, Баба Тахир Емини со посветеност служеше цели 11 години. |
| 24 | Хуреме Треси | Учителка која ја ширеше светлината на знаењето од Тетово. Беше една од првите учителки во Основното училиште „Лирија” во Тетово. |
| 25 | Неџат Пустина | (1926–1981) Тој беше албански поет и просветен работник, познат по својот придонес во албанската литература и образование во Македонија. Во текот на својата кариера, Пустина работел како учител и директор во повеќе градови и села во Македонија, меѓу кои Куманово, Тетово, Врапчиште, Глумово, Бојане, Струга и Доброште. Од 1965 година до својата смрт во 1982 година служеше како учител во Основното училиште „Миѓени” во Тетово. Пустина беше и прв претседател на литературниот клуб при КУД „Џеладин Зеќири” во Тетово. |
| 26 | Мостот на Казазите | Познато старо тетовско семејство. |
| 27 | Фаик Мустафа | Учител во повеќе албански села во РСМ од Тетово. |
| 28 | Шаќир Алити | (1941–2024) Прв градоначалник на Тетово по независноста на Македонија, од 1991 до 1997 година. Алити даде значаен придонес во политичките, економските и општествените процеси во Тетово. Како градоначалник на Општина Тетово одигра суштинска улога во консолидирањето на локалната демократија |
| 29 | Улица Теке | така и придружни, меѓу кои се: молитвениот простор, куќата или летниот конак, селамлукот (просторија за прием), библиотеката, летниот ќошк и фонтаната на текето, зимската куќа со други објекти, малата молитвена просторија, мавзолејот (градба со гробови на духовните водачи на текето), малата кујна, кулата на Фатиме (ќерката на Реџеп-паша), гробот на Баба Мехмет Харабати опкружен со железни решетки, ресторанот, фурната, амбарите, чешмите, гробиштата и кулата на стражарите над главниот влез. |
| 30 | Селим Рамадани | (1947–1977) Поет, писател и драматург од Тетово. Студиите ги следел на Академијата за драмски уметности во Приштина. Студиите ги завршил успешно и се вработил како актер во Покраинскиот народен театар во Приштина. Одигра исклучителна улога во подигнувањето на нивото на актерството и театарската култура во Северна Македонија и Косово. |
| 31 | Блаже Конески | (1921–1993) Тој беше истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, историчар на литературата, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој беше и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна фигура во македонската литература. |
| 32 | Сабиха Реџепи | (1935–2014) Таа беше икона на албанското образование во Тетово. Работеше како наставничка во Тетовската гимназија и придонесе во образувањето на младите генерации, во време кога многу малку жени имаа храброст да посетуваат училиште |
| 33 | Фаик Абди | (1937–2016) Бизнисмен и политичка фигура од Македонија. Работел како советник во одделението за економија и планирање во Фабриката за хартија во Скопје. Бил советник во Собранието на Скопје и пратеник во Собранието на СРМ од 1969 до 1974 година, како и пратеник во Собранието на Република Македонија во два мандати од 1990 до 1998 година. Долги години бил претседател на Културно-уметничкото друштво „Пралипе” во Скопје и на Партијата за целосна еманципација на Ромите во Македонија (PCERM). Абди бил и учесник на Првиот светски конгрес на Ромите одржан во Лондон во 1971 година. |
| 34 | Матеја Матевски | (1929-2018) Бил поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач, академик. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Извесно време работел во Македонската радиотелевизија како новинар, уредник на културни и литературни емисии, а подоцна како главен уредник и директор на телевизија, како и генерален директор на Македонската радиотелевизија. Матевски бил член на Академијата на науките и уметностите на Македонија, а бил и нејзин претседател во периодот 2001-2004 година. |
| 35 | Пир од Епир | (319–272 п.н.е.) Тој беше еден од најистакнатите генерали на своето време и крал на Епир и Молосија. Потекнуваше од илирското племе на епирците. Беше помагач и сојузник на италските народи кои војуваа против Рим. Од своите војници бил нарекуван „орел”. Се прослави кога во 280 година п.н.е. го премина Отрантскиот теснец со 20.000 пешадијци, 3.000 коњаници и околу 200 слонови, за да се бори против Рим, кој му се закануваше на градот Тарант. На чело на војските составени од Молосите, Теспротите и Хаонците, Пир постигна тешко извојувани победи против римските армии. |
| 36 | Деде Ѓон Лули | (1840–1915) Албански патриот и востаник во “Малесија е Маде”. Бил истакната албанска патриотска фигура, познат по командувањето со Востанието од 1911 година во “Малесија е Маде”. |
| 37 | Нијази Ибрахими Фанда | (1923–1979) Бил меѓу првите наставници во основното училиште „Лирија” во Тетово. Бил активист и член на Градскиот музички оркестар на Тетово, каде што свирел труба (трумпета), член на албанскиот театар „Лулја е Кујтимит”, фудбалер во клубот „Љуботен” од Тетово, како и во клубот „Башкими” од Гостивар. Исто така бил член на КУД „Џеладин Зеќири” во Тетово |
| 38 | Оенеум | Илирското име на Тетово. Првите записи за постоењето на Тетово како населено место опфаќаат податоци уште од античкиот период, кога било познато под името „ЕНЕА” (Oeneum) на латински. Според податоци од странски автори, Полошката Котлина во своите почетоци била езеро; овие податоци се поткрепени со откриените траги на ридот Бал Тепе (Ридот на Медот), висорамнина со езерски карпи на надморска височина од 770 метри. |
| 39 | Одхисе Паскали | (1903–1985) Бил еден од најистакнатите албански скулптори и се смета за татко на албанската скулптура. |
| 40 | Парашќеви Ќириази | (1880–1970) Била Народна учителка, магистер по образование, педагог, истакната интелектуалка, активист во образованието на албанската жена, учесничка на Битолскиот конгрес, авторка на првата албанска буквар според битолската азбука и на нејзината химна, прва албанска жена автор на еден образовен проект. |
| 41 | Цар Јустинијан I | Бил еден од најголемите владетели на Византиската Империја. |
| 42 | Цар Константин Велики | Познат и како Константин I, со илирско потекло, бил еден од најистакнатите и најзначајните владетели на Римската Империја. |
| 43 | Реџеп Паша | Едно од најзначајните дела на Реџеп Паша е обновата на Теќето „Харабати Баба” во 1780 година, еден од најважните исламски културни споменици на Балканот. |
| 44 | Реџеп Вока | (1847–1917) Бил еден од водачите на националноослободителното движење и имал значајна улога за време на периодот на окупација. Познат е по своите напори за заштита и развој на албанскиот идентитет и култура, придонесувајќи во тежок период за албанскиот народ по Втората светска војна. |
| 45 | Шари | Шар Планина е планински масив што се протега во југоисточниот дел на Косово и во северозападниот дел на Северна Македонија, започнувајќи од околината на Призрен и продолжувајќи косо со врвови со пирамидална форма наредени еден по друг, или како што уште од антиката илирскиот народ ги нарекувал „врвовите на шарот”, поради сличноста со запците на тестера, кои создаваат карактеристични последователни форми во срцето на Балканот. Шар Планина е позната уште од антиката во документите на различни автори, уште од V век пр.н.е. под името Монс Скардуc (Mont Scardus), кај Херодот, кој ги опишува и илирските племиња и нивните граници. |
| 46 | Алајдин Демири | (1954–2019) Бил албански политичар, дипломат и универзитетски професор од Тетово, Северна Македонија. Работел како новинар во албанската редакција на Македонската радиотелевизија, како професор во средно училиште и како библиотекар во Градската библиотека. Бил и поранешен градоначалник на Општина Тетово. |
| 47 | Андон Зако Чајупи | (1883–1930) Бил албански поет, писател и драматург, една од најпознатите фигури на албанската книжевност од периодот на Националната преродба. |
| 48 | Д-р Зирап Хаџихасани | Еден од првите албански лекари од Македонија, пневмофтизиолог. Почитуван и сакан лекар од целиот народ. Тој е првиот албански лекар во Полошкиот регион. Денес покоен. |
| 49 | Челебије Тоска | Една од првите албански учителки во Тетово, во основното училиште „Лирија”. |
| 50 | Дрита Саити | Жената која ја донираше целата своја имотна состојба за Универзитетот во Тетово. |
| 51 | Дритеро Аголи | (1931–2017) Бил албански поет, прозаист, публицист и политичар. Од 1973 година бил претседател на Сојузот на писателите и уметниците на Албанија. Зад себе оставил богато творештво со поезија, поеми, раскази, новели, романи, драми, филмски сценарија и друго. Дритеро Аголи бил избран 30 години по ред за пратеник во албанскиот парламент. |
| 52 | Елита 5 | Музичка група од жанрот рок. Групата е основана на почетокот на 1990-тите години во Тетово од Агрон Идризи. Членови на групата се: Меваип Мустафи (соло гитара), Бесим Ибраими (тапани), Ариф Зибери (вокал), Агрон Идризи (бас гитара) и Нехат Мујови – Вируси (синтисајзер – продуцент). Претставува легендарна рок-група од Тетово која има издадено многу албуми и песни што се познати и широко пеени од бројната публика на сите албански простори. |
| 53 | Емине Исаку | Една од првите албански учителки во Тетово, во основното училиште „Лирија”. Дала значаен придонес во афирмацијата на албанското училиште. |
| 54 | Есад Мекули | (1916–1993) Бил албански поет и преведувач. Бил прв претседател на Академијата на науките и уметностите на Косово. Роберт Елси го ценел како татко на модерната албанска поезија во Југославија, а неговото влијание во Косово останало немерливо. |
| 55 | Гани Лума | Член на првиот дувачки оркестар во Тетово. |
| 56 | Хафет Шерифи | (1952–2005) Бил дејец и посветен активист за образованието на албански јазик, како и неуморен активист на Универзитетот во Тетово. Хафет Шерифи беше познат како љубител на воената уметност, насока што ја завршил во Белград, каде во текот на својата кариера го стекнал чинот мајор. |
| 57 | Хафиз Сулејман еф. Шехапи | (1894) Бил една од клучните фигури на исламската интелектуална елита, кој директно се вклучил во политичките текови за благосостојба на муслиманското население. |
| 58 | Хафиз Елмаз еф. Камили | (1933–2015) На 17 февруари 1995 година, во мектебот на џамијата во селото Порој, каде што работел како имам, се одржале првите предавања на студентите на Универзитетот во Тетово и дал голем придонес за неговото основање. Хафиз Елмаз бил во служба на народот секогаш кога имало потреба — како оџа, како советник, но и како човек со добра волја. |
| 59 | Хаки Стермили | (1895–1953) Бил писател, новинар и раководител на албанската тајна служба во периодот 1923–1924 година, со декрет на Ахмет беј Зоголи. Бил партизан во Втората светска војна, член на КАНЧ, претставник на Дебар во Народното собрание и директор на Националната библиотека. Во печатот и публикациите заземал ставови во врска со правата на Албанците што останале надвор од границите на албанската држава, републиканизмот и правата на жените. |
| 60 | Халим Беј Дерала | (1879–1932) Се истакнува по својот голем придонес за албанската држава и нацијата. По негова иницијатива, поддржана и од Дервиш Хима, Халим Дерала купувал буквари и книги на албански јазик за бесплатно да им ги распределува на учениците во Тетово и околината. Халим секогаш бил на чело на големите патриотски движења, давајќи придонес не само со храброст, смелост и разум, туку и со својот имот. |
| 61 | Кастриоти | Биле албанско благородничко семејство, активно во XIV и XV век како владетели на Кнежевството на Кастриотите. На почетокот на XV век семејството првично контролирало територија во регионот на Дебар, а подоцна и во областа на Мат. Најистакнат член бил Ѓерѓ Кастриоти, попознат како Скендербег, кој денес се смета за албански херој поради раководењето со отпорот против обидите на Мехмед Освојувачот за проширување на Отоманската Империја во Албанија. |
| 62 | Дервиш Цара | Бил албански востаник, познат по својата улога во востанието од 1843–44 година, познато и како Востанието на Дервиш Цара. Роден е во Палчиште, Тетовско, син на Сулејман, и припаѓал на родот Цара од Шар Планина, во сродство со семејството Дерала од Тетово. Во 1843 година бил чарши-ага на Гостивар. Починал во 1844 година во Истанбул. |
| 63 | Алишефик Спахиу | Посветен патриот, икона на хуманото граѓанство. |
| 64 | Д-р Агим Хаџихасани | Прв специјалист за болести на устата во Тетово. |
| 65 | НАТО | Организација на Северноатлантскиот договор. Целта на НАТО е да ја гарантира слободата и безбедноста на своите членки преку политички и воени средства. |
| 66 | Ул. Манастирска | Тоа е вториот по големина град во Северна Македонија, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата. Тоа е градот во кој е создадена албанската азбука. Градот претставува административен, културен, индустриски, трговски и образовен центар. |
| 67 | Улица Валонска | Тоа е крајбрежен град во југозападниот дел на Албанија. Валона е вториот по големина пристаништен град по Драч. Се наоѓа во југозападниот дел на Албанија, на Јадранското Море, и е центар на Општина Валона и на Валонскиот округ. Тоа е градот каде што е прогласена Декларацијата за независност на Албанија на 28 ноември 1912 година. |
| 68 | Нелсон Мандела | претседател на Јужна Африка. |
| 69 | Ангел Симов | (1935-1998) Роден во Гевгелија, е суперхеројот од југот, фармацевт, иноватор, лечител на главоболките – го создал лекот „Кафетин” на свои 22 години во лабораторијата на „Алкалоид” каде што работел од почетокот како фармацевтски технолог иноватор Дел од македонската историја. |
| 70 | Скупи | Скупи, од каде што потекнува и оригиналното име Скопје, е археолошко наоѓалиште кое се наоѓа меѓу „Зајчев Рид” и реката Вардар, неколку километри од центарот на Скопје во Република Македонија. Римски воен камп бил основан тука во вториот век на местото на едно постаро дарданско населување. Подоцна станал Colonia Flavia Aelia Scupi и таму се населиле многу ветерани легионери. Римски град бил основан во времето на Домитијан (81–96 н.е.), а Скупи станал главен центар за Римјаните во Дарданија. Бил напуштен во 518 година по земјотрес кој целосно го уништил градот. |
| 71 | Проф. д-р Касамедин Абдулаху | (1962–2012) Бил една од главните фигури во основањето на Универзитетот во Тетово во 1994 година и, без сомнение, во тоа време и во тие околности бил Алфа и Омега на Одделот за биологија и на Факултетот за природно-математички науки на овој универзитет. |
| 72 | Мола Гарип Беадини | (1910) Гариб ефенди Беадини е познат како храбар и родољубив оџа. Бил предавач во Чаршиската џамија во Горната чаршија во Тетово. Претходно служел и во џамијата Мухаремче, исто така во Тетово. Гариб ефенди бил многу храбар човек. Никогаш не се двоумел да ја каже вистината, дури и кога тоа на некого не му се допаѓало. Никогаш не се поклонуваше пред властите и пред луѓе без достоинство кои имале некаква положба во општеството. |
| 73 | Арабати Баба | Теќето од османлискиот период сместена во Тетово, Северна Македонија. Теќето првично било изградено во 1538 година околу турбето на дервишот Серсем Али Баба. Во 1799 година, вакуф обезбеден од Реџеп Паша го утврдил денешниот простор на теќето. Монасите тврдат дека кулата била последниот дом на една жена од висок ранг по име Роксалана, која таму починала од туберкулоза. Според попопуларна теорија, таа била дел од одбранбениот систем на комплексот основан во XVI век. |
| 74 | Мола Рафиз Хоџа | (1934–2006) Рафиз ефенди Хоџа бил имам и предавач во Ески џамијата во Тетово. Бил побожен човек и имал ученици од селата на Тетово, Скопје и Гостивар, кои ги подучувал според методологијата на класичните медреси. Тој поседувал многу богата библиотека со различни книги. Уште поважно е што Рафиз ефенди ги собирал и книгите од семејствата на постарите оџи и ги класифицирал во својата библиотека. |
| 75 | Хафез Селман Селмани | Роден е во 1914 година во селото Милетино Тетовско. Неговата посветеност кон исламското образование и ширењето на знаењето го направила еден од најпочитуваните хафизи и оџи во регионот на Тетово. Личноста на хафиз Селман ефенди Селмани е одбележана и во поновите активности организирани од Муфтиството на Тетово, што сведочи за неговото трајно влијание во верскиот и културниот живот на регионот. Починал во 2008 година. |
| 76 | Мусли Халими | Проф. д-р Мусли Халими, од Тетово, порано предавач по предметот Римско право на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина, на 17 февруари 1995 година во привремените училници во селото Порој го одржал првото предавање со студентите на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. До неговата смрт предавал на овој Универзитет. Одреден период бил и декан на Правниот факултет. Патриотските дела можат да ги заборават поединците, но историјата не ги заборава. |
| 77 | Улица на Младост | Младост, -а именка од женски род, младата возраст во животот на човекот (меѓу детството и зрелоста); да се биде млад; собирно; младите момчиња и девојки, новата генерација; Маалото на Вардар да се преименува во Маало Младост, поради тоа што во ова маало се реализирани многу волонтерски акции кои секогаш биле предводени од младината на ова маало. |
| 78 | Јани Врето | (1822–1900) бил истакнат патриот и мислител на Албанската национална преродба. Во есента 1877 година станал основачки член на Централниот комитет за одбрана на правата на албанската народност и активно работел за остварување на неговите цели. На 12 октомври 1879 година учествувал во основањето на Друштвото за печатење на албански букви, кое ги посветило своите енергии на издавање книги на албански јазик, особено училишни учебници, како и на отворање училишта на албански јазик. |
| 79 | Јул Варибоба | (1724–1788) бил поет и свештеник арбëреш, познат по својот придонес во албанската литература. Свештеник и писател арбëреш од Калабрија, Италија. Отец Јули, унијатски свештеник, образованието го започнал и го завршил во познатиот арбëрешки колеџ „Свети Адријан” во Сан Деметрио Короне. |
| 80 | Јусуф Кулику | познато име во областа на фудбалот во Тетово и во Северна Македонија. |
| 81 | Констандин Кристофориди | (1830–1895) бил албански лингвист и преведувач. Со своите преводи воопшто, а особено со преводот на Новиот Завет, дал одлучувачки придонес за воспоставувањето на албанскиот литературен јазик. Во 1888 година се вратил во Елбасан, каде што работел како судија, должност што ја извршувал сè до својата смрт |
| 82 | Кувендот на Лежа | бил воен сојуз основан во Лежа, тогаш венецијанска територија, на 2 март 1444 година, со Скендербег како водач на обединетите арбëрешки и зетски (српски или црногорски) краевски водачи против Османлиското Царство. Главни членови на сојузот биле Аријанитите, Балшиќите, Музакајите, Шпаните, Захаријите и Ѓурашите |
| 83 | Масар Кодра | (1932–2004) бил иницијатор на работната група за основање на Педагошкиот оддел на албански јазик при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Тој бил албански историчар од Република Северна Македонија, специјалист по историјата на Албанците во Македонија. |
| 84 | Кралицата Теута | Илирската кралица Теута е една од највпечатливите женски фигури во европската историја кои управувале со држави и големи сили. Таа била сопруга на славниот крал Агрон, кој ненадејно починал во 231 година п.н.е., по што таа ги презела во свои раце судбините на Илирја. Скадар во тоа време бил еден од најпознатите градови на Јадранот и Медитеранот. Со посебна мудрост и храброст, оваа воена стратегинка му дала нов сјај на илирската цивилизација. Но, во нерамноправна војна со Римскиот сенат, на крајот била принудена да се повлече од престолот, за да не биде нејзината земја запалена и разурната од странските војски. Народот ја зачувал во своите песни и легенди. |
| 85 | Тауланти | Таулантите (Taulantii) биле илирски народ што живеелe на брегот на Јадранското Море во јужна Илирја (денешна Албанија). Во различни периоди доминирале со поголемиот дел од рамнината меѓу реките Дрин (Дрилон) и Вјоса. Нивната централна област била внатрешноста на Епидамнос–Дирахијон, што одговара на денешна Тирана и регионот меѓу долините на Мат и Шкумбин (Генус). Таулантите се меѓу најстарите потврдени илирски народи, кои создале моќно кралство во Јужна Илирја. |
| 86 | Мируш Кабаши | (1948–2023) бил албански актер. Тој толкувал околу 100 улоги во театарот и во филмот. Често бил и водител на бројни уметнички настани. Неговата најзначајна улога е ликот на Сократ во театарското дело „Вистинската апологија на Сократ”. Кабаши се смета и за еден од најголемите интерпретатори на поезијата во Албанија. Тој дал значаен придонес во албанската кинематографија. |
| 87 | Нехат Аголи | (1914–1949) бил правник, активист за време на Втората светска војна и политичар, потпретседател на владата на Социјалистичка Република Македонија. Познат е во историјата на Албанците во Македонија по својата дејност против српската доктрина, поради што во 1949 година бил изложен на тортура. |
| 88 | Незиха Казази | Учителка во училиштето „Лирија”, која одиграла клучна улога во ширењето на образованието на албански јазик. |
| 89 | Пандели Сотири | (1843–1892) бил основач на Месонјаторето во Корча и еден од албанските преродбеници кои придонеле за ширење и изучување на албанскиот јазик. Сотири бил член на Централниот комитет за заштита на правата на албанската народност, основан во Истанбул во 1877 година, како и на неговиот огранок – Друштвото за печатење на албански букви. |
| 90 | Доника Кастриоти | (1428–1506) Андроника Аријанити-Комнина била арбëрешка благородничка, ќерка на познатиот кнез Ѓерѓ Аријанити и сопруга на Скендербег. Се вели дека имала 23 години кога се омажила за Скендербег. Бракот бил склучен во 1451 година. По смртта на Скендербег од маларија во 1468 година, многу арбëрешки благородници, меѓу кои и Доника со својот син, биле принудени да емигрираат во Неапол. |
| 91 | Петро Нини Луараси | (1865–1911) бил православен христијански свештеник, учител, публицист и дејец на националното движење. И неговиот татко, Нини Петро Косталари, бил активен во Албанската национална преродба како публицист и учител. Подоцна емигрирал во Соединетите Американски Држави во периодот 1904–1908, каде што бил активен член на Албанското национално движење. |
| 92 | Јашар Еребара | (1875–1953) бил дејец на Албанската национална преродба, новинар и пратеник на префектурата Дрин (Дебар) во Националното собрание во различни законодавни периоди на албанската држава меѓу двете светски војни. Тој бил основач на првото албанско училиште во Куманово, издавач на првиот неделен весник во Косовскиот вилает, како и албански колекционер и ориенталист |
| 93 | Џералдина Зогу | (1915–2002) била кралица на Албанија, сопруга на кралот Зогу I и мајка на Лека Зогу. Кралицата на Албанците Џералдина, за време на краткиот период на престој во Албанија, максимално се ангажирала за подобрување на благосостојбата на албанскиот народ, особено на социјално загрозените слоеви. |
| 94 | Дервиш Хима | (1872/1873–1928) бил еден од најактивните пропагандисти и публицисти на албанската дијаспора за време на Албанската национална преродба. Го осудувал апсолутизмот на султанот Абдул Хамид II, барајќи автономија за Албанија и создавање автономен албански вилает, како и отворање албански училишта. Работел како помошник-учител во Романија, Белгија и Швајцарија, каде во Женева се запознал со Ленин. Во 1897 година ја основал гранката на Комитетот „Единство и напредок” во Драч. |
| 95 | Нури Сојлиу | (1872–1940) бил еден од потписниците на Декларацијата за независност на Албанија. Уште во раната младост се вклучил во Националното движење. Ги поддржувал политичките движења со демократски дух во 1920-тите години. |
| 96 | Улица Адријатик | Јадранското Море (Адријатик) е дел од Средоземното Море, кое го разделува Апенинскиот Полуостров од Балканскиот Полуостров. Западниот брег на Јадранското Море е Италија, додека на исток морето ги допира бреговите на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и на крај Албанија до Влора, град јужно од кој се наоѓа Јонското Море |
| 97 | Шериф Казази | (1912–1997) бил новинар, ветеринар, министер за земјоделство во владата на Малиќ Бушати и првиот албански антрополог |
| 98 | Емин Ѓока | Уживал авторитет меѓу народот како одликуван борец и како праведен судија. За неговите заслуги, пашата од тоа време му го подарил чифликот каде што денес се наоѓа живописното село Расадишта |
| 99 | Аслан Ризвани | (1934–2014) Роден во селото Ѓермo Тетовско, целиот свој живот му го посветил на традиционалниот спорт пеливанство. Бил повеќекратен државен шампион во борење и добитник на многу балкански и европски признанија. |
| 100 | Ружди Зекири | (1935–2017) половина век служел како професор по физика во гимназијата во Тетово, каде што бил еден од првите професори. Зекири извесен период служел и како директор на гимназијата во Тетово, воедно бил и првиот албански директор на ова училиште. |
| 101 | Папа Климент Албани | (1649–1721) бил 243-ти папа на Католичката црква. Служел како папа од неговиот избор на 23 ноември 1700 година до 19 март 1721 година. Ја предводел Католичката црква 21 година по ред |
| 102 | Пајонија | Пеонија или Пајонија била античка земја и кралство на Пајонците (Παίονες), група племиња кои живееле во горната долина на Аксиос (Вардар) и неговите притоки. Нивната територија се протегала на исток до долината на Стримон (Струма), на границата со тракиските племиња, а на запад до Дарданците, Пенестите и Дасаретите од Илирја. |
| 103 | 8 Септември | Ден на независноста на Македонија — Ден на сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. |
| 104 | Ибе Паликуќа | (1927-1944) Учесничка во НОВ во Македонија и народен херој. За народен херој на Југославија е прогласена на 8 октомври 1953 година. Таа е една од седумте партизанки од Македонија, кои се прогласени за народни херои на Југославија и една од најмладите народни херои во поранешна Југославија. |
| 105 | Луботен | Планински врв висок 2.498 метри, прв на главното било и срт на Шар Планина, сместен на самата македонско-косовска граница. |
| 106 | Емил Зола | (1840-1902) Француски писател, творец и најизразит претставник на натурализмот во книжевноста. Најпознати негови дела се романите: „Нана”, „Жерминал”, „Земја”, „Плодност”, „Пари” „Слом”, „Тереза Ракен” итн. |
| 107 | Вардар | Најголемата река во Македонија и воопшто целиот регион Македонија. Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2. Извира во Гостиварско и завршува во Солунскиот Залив, Егејска Македонија, во заштитената месност наречена Делта на Вардар. Поради реката, по поделбата на Македонија по Балканските војни, овој дел на Македонија бил наречен Вардарски дел на Македонија. |
| 108 | Лорд Бајрон (George Gordon Byron) | (1728–1824) Англиски писател од романтизмот и пријател на Албанците. Роден во Лондон на 22 јануари 1788 година во осиромашено аристократско семејство. |
| 109 | Вилијам Шекспир | Вилијам Шекспир (во албанската литература познат како Uiliam Shekspir) бил англиски драматург роден на 23 април 1564 година во Стратфорд на Ејвон и починал на 23 април 1616 година во истиот град. Неговото дело, заедно со Библијата и Декларацијата за правата на човекот, се сметаат за столбови врз кои се гради идентитетот на историска Европа. |
| 110 | Албер Ками | (1913–1960) Француски писател и филозоф, добитник на Нобеловата награда за литература во 1957 година. Познат е по својот карактеристичен стил на пишување и по тематиката на неговите дела. Целиот негов литературен опус се темели на апсурдната идеја за човековото постоење. |
| 111 | Д-р Рефет Ферати | Студиите по медицина ги завршил во Скопје, познат лекар во Тетово. |
| 112 | Њујорк | Понекогаш се нарекува држава Њујорк за да се разликува од нејзиниот најголем град, Њујорк Сити. Тоа е федерална држава во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави. Главен град на Њујорк е Олбани, додека најголемиот град е Њујорк Сити (NYC). |
| 113 | Алуш Камбери | (1947–2021) Роден во Стримница. Во текот на целиот свој живот бил посветен на албанското новинарство во Македонија. Доајен на новинарството, кој на оваа професија ѝ останал верен повеќе од пет децении. Тој е и автор на филмот посветен на првата посета на Мајка Тереза во Скопје. Подоцна реализирал уште три документарни филмови посветени на албанската нобеловка Мајка Тереза |
| 114 | Методија Андонов Ченто | (1902-1957) Македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција, Ченто е именуван и како прв претседател на Македонија |
| 115 | Никола Карев | Македонски револуционер, социјалист и истакнат деец на ТМОРО. Тој бил еден од главните организатори на Илинденското востание и претседател на Крушевската Република во 1903 година. Неговиот познат Крушевски манифест го одразува идеалот за еднаквост, слобода и заеднички живот на сите народи во Македонија. |
| 116 | Даме Груев | Еден од основачите и највлијателните водачи на Македонската револуционерна организација. Поради неговата исклучителна организаторска работа и посветеност на делото, тој често е нарекуван „волевиот столб на Организацијата”. Тој го раководел Смилевскиот конгрес во 1903 година. |
| 117 | Васил Чакаларов | Македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација во Костурскиот крај. Тој бил еден од главните организатори на Илинденското востание во Југозападна Македонија. Загинал во јули 1903 година во жестока битка со турската војска кај селото Бел Камен. |
| 118 | Ѓорѓи Сугарев | Македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација во Битолскиот и Прилепскиот крај. За време на Илинденското востание активно учествувал во борбите. Загинал херојски во март 1906 година заедно со својата чета во битката кај селото Паралово. |
| 119 | Андон Ќосето | Македонски револуционер и еден од најпознатите егзекутори во редовите на Македонската револуционерна организација. Како близок соработник на Гоце Делчев и Јане Сандански, тој имал задача да ги извршува пресудите и смртните казни над предавниците, шпионите и непријателите на Организацијата. |
| 120 | Тоше Проески | Еден од најпопуларните македонски пејачи и водечка музичка ѕвезда на Балканот, познат по својот моќен вокал и хуманитарна дејност. Како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, тој посвети голем дел од кариерата на помош за деца и социјално загрозени категории. Почина прерано во сообраќајна несреќа во Хрватска. |
| 121 | Илинденско востание | Вооружено востание организирано од ТМОРО против Османлиското Царство, започнато на 2 август 1903 година на празникот Илинден. Главните борби и најголемиот успех се постигнале во Битолскиот револуционерен округ, каде што била прогласена Крушевската Република како прва република на Балканот. |
| 122 | Св. Кирил Пејчиновиќ | Македонски просветител, народен учител и еден од првите автори кои пишувале на народен македонски јазик. Како игумен на Лешочкиот манастир, тој го обновил манастирскиот комплекс и формирал училиште. Неговите познати дела, како „Огледало” и „Утешение грешним”, имаат непроценливо значење за почетоците на новата македонска книжевност. |
| 123 | Ѓорче Петров | Македонски револуционер, идеолог и еден од водечките лидери на Македонската револуционерна организација. Тој со години ја вршел функцијата задграничен претставник на Организацијата во Софија. Покрај революционерната дејност, тој задставил и непроценливо географско и етнографско дело преку својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија” |
| 124 | Павел Шатев | Македонски револуционер, еден од познатите Солунски атентатори („гемиџии”) и подоцна прв министер за правосудство на новоформираната македонска држава. По извршувањето на солунските атентати во 1903 година, тој бил осуден на смрт, но казната му била заменета со заточение во Фезан (Либија). |
| 125 | Гемиџии | Анархистичка група млади македонски интелектуалци кои во пролетта 1903 година ги извршиле познатите Солунски атентати со цел да го привлечат вниманието на европската јавност кон македонското прашање. Водејќи се од девизата „Се арчиме за Македонија”, тие извеле серија координирани напади врз објекти од странски капитал во Солун. |
| 126 | Панко Брашнаров | Македонски револуционер, учител и еден од ретките дејци кои учествувале и во Илинденското востание и во Народноослободителната борба. Како најстар делегат, го отворил Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Поради подоцнежното несогласување со тогашната југословенска политика, бил уапсен и го завршил својот живот како заточеник на Голи Оток. |
| 127 | Никола Кљусев | Македонски економист, професор, академик и прв премиер на независна Република Македонија. Тој ја предводеше експертската влада од 1991 до 1992 година, периодот во кој земјата се осамостои, воведе сопствена валута (денар) и ги постави темелите на државноста. Бил редовен член на МАНУ. |
| 128 | Димо Хаџи Димов | Македонски револуционер, социјалист и истакнат идеолог на левото крило во Македонската револуционерна организација. Тој бил близок соработник на Гоце Делчев и Јане Сандански, а подоцна станал еден од основачите на Народната федеративна партија и ВМРО (Обединета), сè до неговото убиство во Софија во 1924 година. |
| 129 | Војдан Чернодрински | Македонски драмски автор, глумец и театарски организатор, кој се смета за основач на современиот македонски театар. Неговото најпознато дело е пиесата „Македонска крвава свадба”, напишана на македонски народен говор и премиерно изведена во Софија во 1900 година. |
| 130 | Тодор Скалоски | Еден од најзначајните македонски композитори, диригенти и музички педагози, кој се смета за еден од основачите на современата македонска музичка култура. Тој е автор на музиката за македонската државна химна „Денес над Македонија”. Како диригент и еден од основачите на Македонската филхармонија, Операта и фестивалот „Охридско лето”, тој даде клучен придонес во воспоставувањето на професионалните музички институции. |
| 131 | Св. Кирил и Методиј | Браќа од Солун, мисионери и преродбеници кои се сметаат за основачи на словенската писменост и култура, познати и како „Сесловенски просветители”. |
| 132 | Св. Климент Охридски | Средновековен словенски просветител, епископ и најдаровитиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. По затворањето и прогонот на учениците од Моравија, тој дошол во Македонија и ја основал познатата Охридска книжевна школа — првиот словенски универзитет, каде подготвил над 3.500 ученици за црковна и просветна дејност. |
| 133 | Рилскиот конгрес | Конгрес на ВМОРО се одржал во октомври и ноември 1905 година во Рилскиот манастир и претставува единствениот општ (општдржавен) конгрес на Организацијата по Илинденското востание. |
| 134 | Тодор Александров | Македонски револуционер, воен водач и долгогодишен раководител на автономистичката ВМРО во периодот по Првата светска војна. |
| 135 | Гоце Николовски | Македонски пејач на народна и новокомпонирана фолк-музика, чиј карактеристичен глас и интерпретација оставија траен белег во македонската музичка естрада. Најпрепознатлив е по изведбата на култната песна „Бисер балкански”. |
| 136 | Петре Пирузе-Мајски | Македонски револуционер, правник, учесник во Народноослободителната борба и еден од организаторите на востанието во Дебарца и Охридско. Делегат на Второто заседание на АВНОЈ и Првото заседание на АСНОМ. Во 1950 година, бил уапсен и испратен на Голи Оток. |
| 137 | Томче Грнчаровски | (1923–1960) еден од пионерите и основачите на Македонската опера. Како член на Операта при МНТ од нејзиното основање во 1947 година, тој беше меѓу првите носители на тенорски партии на македонската оперска сцена. Со својот топол лирски глас ги толкувал големите улоги во „Травијата”, „Риголето”, „Боеми”, „Мадам Батерфлај”, „Волшебната флејта” и други дела. |
| 138 | Мијаел Младенов | Бил првиот директор на Тетовската полугимназија и еден од истакнатите просветни и револуционерни дејци во Тетово. Бил претседател на тетовскиот комитет на ВМРО, активно вклучен во македонското револуционерно движење. Во 1905 година бил уапсен од османлиските власти и осуден на 101 година затвор, по што бил испратен во злогласниот затвор во Дијар Бекир. Од таму никогаш не се вратил. |
| 139 | Крушевски манифест | Еден од најважните документи во историјата на македонската борба за слобода, составен за време на Илинденското востание во август 1903 година. Негов главен автор е Никола Карев, претседателот на Крушевската Република. Манифестот бил упатен до муслиманското (турското, албанското и торбешкото) население во околните села за време на ослободувањето на Крушево. |
| 140 | Сирма Војвода | Македонска жена ајдутин од XIX век, една од најопејуваните македонски жени. |
| 141 | Христо Червенелеков | Учител и прв претседател на тетовскиот комитет на ВМРО во Тетово, назначен во 1895 година директно од Гоце Делчев. |
| 142 | Д-р Глигорије Евчески | Истакнат лекар меѓу двете светски војни и еден од основачите на тетовската болница по Втората светска војна. |
| 143 | Д-р Ристо Трифуновски-Брезјанин | Бил истакнат тетовски лекар и еден од значајните медицински дејци на Тетово во првата половина на XX век. Според истражувањето на Бранислав Светозаревиќ, медицината ја завршил во Букурешт со највисока оцена – 10+. Во 1936 година бил избран за општински лекар во Тетово. По Втората светска војна продолжил со својата лекарска и стручна дејност и учествувал во развојот на македонското здравство. Бил меѓу основачите на една од клиниките на Медицинскиот факултет во Скопје. |
| 144 | Ѓиче Бојаџиев – „Берберот” | (1896–1970) бил истакнат тетовски музички деец, музичар и раководител на повеќе музички состави. Во 1919 година формирал свој гудачки квартет, а во 1924 година раководел со мандолински оркестар во друштвото „Бинички”. По ослободувањето, во рамките на Радио Скопје, формирал свој мандолински оркестар. Со својата музичка активност оставил значаен белег во развојот на музичкиот живот во Тетово и Скопје |
| 145 | Лазар Личеноски | (1901–1964) бил еден од најзначајните македонски сликари и втемелувачи на современата македонска ликовна уметност. Роден е во Галичник, а од 1915 до 1921 година живеел и работел во Тетово. Подоцна се школувал и творел во Белград и Париз. Во своето богато творештво оставил бројни дела инспирирани од македонскиот народ, фолклор и пејзаж. Неговото дело има трајно место во историјата на македонската уметност. |
| 146 | Веселин Пандиловски | Првиот претседател на Општина Тетово по Втората светска војна. |

