За прв пат годинава ПК Шара Свим организира пливачки натпревар, чија цел е развивање и афирмација на пливачкиот спорт во Тетово.

Натпреварот е закажан за 17 мај, со почеток во 9 часот, на Градскиот базен во Тетово.
Под мотото „Пливај со срце, победувај со дух!“, ПК Шара Свим им дава можност на заинтересираните да се пријават до 10 мај, до 24 часот, и тоа во две дисциплини: краул, 50 метри, машка и женска конкуренција, како и градно, 50 метри, машка и женска конкуренција. Секој натпреварувач има право на по еден настап во двете дисциплини.

Повеќето детали за натпреварувањето ги има на официјалниот постер од ПК Шара Свим, а лице за контакт и информации е Денис Радески – 071/ 328 620.


