Во периодот од 7 до 15 март 2026 година, во Хотел Лирак се одржува меѓународниот тренинг курс „Youth Work Lab“, организиран од Bright Macedonia, во рамки на програмата Erasmus+.
На тренингот учествуваат 36 млади од 10 европски држави: Германија, Италија, Франција, Чешка, Словачка, Србија, Турција, Грција, Романија и Македонија.

Целта на проектот е учесниците да стекнат знаења и практични вештини за младинска работа, како и да научат како да организираат и водат активности и работилници за млади во своите заедници.

Програмата се реализира преку едукативни сесии, групна работа и размена на искуства, каде учесниците се запознаваат со различни методи и алатки што се користат во младинската работа.

На 12 март учесниците имаа можност да го посетат и да имаат предавање во CED – Centar for education and Development во Теарце, организација која активно работи во областа на младинската работа и неформалното образование. Пред оваа посета, учесниците го посетија Лешочкиот Манастир каде имаа можност да се запознаат со локалното културно и историско наследство.
Денес, учесниците беа во Europe House Тетово, каде ги презентираа резултатите и знаењата што ги стекнаа за време на тренинг курсот, споделувајќи ги своите искуства и научени методи од младинската работа.

Проектот придонесува за развој на младинската работа, поттикнување на меѓународна соработка и размена на култури, како и за реализација на меѓународни младински активности во Tетово.


