Одделенската наставничка во ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово, Соња Трифуновска се закити со највисокто државно признание за просветен работник на годината за учебната 2025/2016 година, доделено од страна на Сојузот на просветни работници на Македонија.
„Со голема радост и возбуда го добив известувањето за ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК НА ГОДИНАТА за учебната 2025/2026 година. Не може да се опише со зборови чувството кога сиот долгогодишен вложен труд и посветеност во професијата што од срце ја работам е вреднуван со највисоко признание.
Голема благодарност до Сојузот на просветни работници на Македонија!
Благодарност и до моето семејство, мојата учителка, моите ученици, родителите, директорката на моето училиште, колегите и вработените, моите драги пријатели и поддржувачи на мојата работа како учител.
Честитки за сите наградени колеги!
Оваа награда е доказ дека трудот, посветеноста и квалитетот секогаш го наоѓаат својот пат до светлината на денот. Таа ќе ми биде уште поголема мотивација и инспирација за нови предизвици, нови успеси и уште поголема посветеност во мојата најубава професија-учителската![]()
УЧИТЕЛ-КОЛКУ ГОРДО ЗВУЧИ! – истакна Трифуновска при објавата на веста.

Признанието Просветен работник на годината за учебната 2025/26 година се додели на следните просветни работници:
I Предучилишно воспитание:
1.Клементина Петрушевска, воспитувач во Јавна детска градинка „Весели Цветови“, Општина Кисела Вода – Скопје
II Основно образование – одделенска настава
1. Соња Трифуновска, одделенски наставник, наставник – советник во ООУ „Гоце Делчев“, Тетово
2. Виолета Поповска, одделенски наставник во ООУ „Вера Јоциќ“, Скопје
3. Габриела Мерџаноска, одделенски наставник во ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар
4. Ксенија Николова, одделенски наставник, наставник – советник во ООУ „Гоце Делчев“, Босилово.
5. Весна Тодоровска Унковска одделенски наставник во ООУ„Партеније Зографски“ Кисела Вода, Скопје.
III Основно образование – предметна настава
1. Томе Китановски, наставник по биологија во ООУ „Гоце Делчев“ , Струмица, Василево
2. Бојанка Џипунова Ташова, наставник по македонски јазик во ООУ „Васил Главинов“, Велес
3. Вера Зороска, наставник по физика, наставник – советник во ООУ „Христо Узунов“ , Охрид
4. Оливера Шиклеска Грозданова, наставник по информатика во ООУ – Ѓорѓи Сугарев, Битола
5. Благица Чатлеска, наставник по англиски јазик во ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп
IV Средно образование
1. Никола Делевски, професор по физика во Регионален центар за стручно образование „Никола Карев“ – Струмица.
V Постхумно се доделува Признание за просветен работник на годината во учебната 2025/26 год на професор по математика, Слаѓан Станковиќ – Битрак. Бил професор во СОУ „Наце Буѓониʺ, Куманово и „Прва математичка гимназијаʺ, Скопје.
„Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија во рамки на Сојузот по извршено вреднување на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот објавен на 20.06.2026 год. на веб страница на Сојузот. На тој начин, сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на Просветен работник на годината за учебната 2025/26 година според Правилникот за доделување на награди, признанија и пофалници на Сојузот“ – се вели во соопштението на Сојузот на просветни работници на Македонија.
Трифуновска долго време важи за еден од најпосветените просветни работници во Тетово, која постојано вложува во професионална надоградба и внесување новитети во предавањето. Креативноста, трудот и љубовта кон својата професија се огледуваат во низата успеси кои одделенската наставничка ги бележи постојано, а ова највисоко државно признание е само уште еден доказ дека квалитетната и чесна работа, секогаш се наградува и исплати.
Честитки од срце за Трифуновска од тимот на Плус форте радио!

