По 30 години – започна системско чистење на канализационата мрежа во тетовските градинки, информираат од ЈКП „Шар“ – Тетово.
-ЈКП „Шар“ – Тетово започна со системско чистење и одржување на канализационата мрежа во сите градинки во градот, со цел подобрување на хигиенските услови и создавање поздрава и побезбедна средина за најмладите. По повеќе од 30 години, канализационата мрежа во објектите и дворовите на градинките повторно е ставена во фокус на редовно и темелно одржување.
Долгогодишната запоставеност не смее да биде причина проблемите да продолжат. Сегашното раководство на ЈКП „Шар“ одлучи тоа да се промени и активностите да започнат веднаш. Екипите на претпријатието работат на чистење на шахтите, канализационите линии и одводниот систем, со цел да се отстранат насобраните нечистотии и да се овозможи нормално функционирање на мрежата. Ова не е само прашање на функционалност на канализацијата. Редовно чистата и одржувана канализациона мрежа е важен дел од хигиената и здравата животна средина, особено во простори каде секојдневно престојуваат деца.



ЈКП „Шар“ ќе продолжи со активностите на терен и во останатите градинки, со цел редовното одржување на канализационата инфраструктура да стане континуирана обврска, а не активност што се реализира само повремено.
Чиста канализациона мрежа. Здрава околина. Здрави деца – се вели во соопштението на ЈКП „Шар“ – Тетово.

