Многу смеење и по некоја солза најавени за премиерата на „Азиланти“ на 28 март

Сподели:

Драмското студио Тетово по три години пауза повторно ќе изведе театарска претстава пред тетовската публика.

Овојпат со како што велат, црната комедија „Азиланти“, по текст на Мирољуб Недовиќ-Рики. Режијата е на Игор Бачоски-Бачо, а актерскиот состав го сочинуваат Глигорије Стојановски-Гиге, Лазар Саровски-Марта и Игор Бачоски-Бачо.

-На помалку од една недела од премиерата на претставата АЗИЛАНТИ, веќе половина од капацитетот е распродаден. Сметам дека целата екипа што ја подготвува оваа претстава остава свое делче од себе, за да се добие вистинската слика за ,,азилантите,“. Ќе има многу хумор, многу смеење и по некоја солза за се тоа што ни се случува со нашите азиланти. Некако овие три години без премиера ни летнаа и сега сите ние сакаме да го надокнадиме тоа што не бевме со нашата публика – истакна режисерот Бачоски.

Премиерата е закажана за 28 март, во Центарот за култура,,Иљо Антески Смок – Тетово,“, со почеток во 20 часот.

Билети, уште многу малку, може да се најдат секој ден во Центарот за култура од 12 до 20 часот.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top