Сојуз на борци Тетово: Уставниот суд ќе поведе постапка за оценување на незаконската одлука на О.Тетово за промена на имињата на плоштадот, улиците и булеварите

Сподели:

Од Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи – Тетово, информираат дека Уставниот суд ја прифатил иницијативата на Сојузот, за поведување постапка за поништување на како што велат незаконската Одлука на Советот на Општина Тетово, во 2007 година, да го промени името на градскиот плоштад „Маршал Тито“.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

-Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи јавно ја поздравува одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата која Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово, поднесена на 11.02.2025 и да поведе постапка која ќе резултира со поништување на неуставната и незаконска Одлука на Советот на Општина Тетово, со која во 2007 година со гласовите на советниците од сите претставени политички партии, го промени името на градскиот плоштад ,,Маршал Тито” и на десетина булевари и улици во градот, кои носат имиња на јунаци и настани од антифашистичкото славно минато на македонскиот народ и глобалната антифашистичка коалиција.

Очекуваме во најскоро време судот да ја поништи неуставната и незаконска одлука.

Бидејќи живееме во време во кое сеуште промената на имињата на улиците кои носат имиња на македонските херои и јунаци од светската антифашистичка коалиција е јавно објавена цел на градоначалникот на Општина Тетово, кој за нив дава квалификација дека се темното минато, преку овој случај апелираме сегашниот состав на Советот на Општина Тетово да не се осуди ниту да се обиде да промени име на ниту една улица.

Нашата посветена борба продолжува! Тетово, како и Македонија мора да се развива на својот автентичен антифашистички темел! – се вели во соопштението.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top