Од ЈКП „Шар“ со известување до жителите на Порој, Џепчиште, Голема и Мала Речица дека водата за пиење не ги исполнува условите за употреба.
Имено, известувањето доаѓа откако се извршени анализи на квалитетот на водата. Соопштението на ЈКП „Шар“ ви го пренесуваме во целост.
„Се известуваат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица (од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица) дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено дека водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење.
Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции.
Нагласуваме дека ЈКП „Шар“ не е надлежно за водоснабдувањето на овие населени места, бидејќи овие села не се снабдуваат со вода од градскиот водоснабдителен систем на Тетово, со кој управува ЈКП „Шар“.

Одговорноста за водоснабдувањето и управувањето со водоводните системи во овие населени места е во надлежност на соодветните локални структури и институции.
Сепак, поради важноста на ситуацијата и заради заштита на јавното здравје, ги повикуваме сите жители да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење, сè до добивање резултати кои ќе потврдат дека водата е безбедна за употреба.
За дополнителни информации, жителите треба да се обратат до надлежните институции и локалните заедници одговорни за овие водоснабдителни системи“, се вели во соопштението.

