ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ е местото каде што музиката е секојдневие, а концертите се мелем за сите вљубеници во добрата музика и атмосфера.
Денеска, со почеток во 17 часот, ќе се одржи концерт на учениците по пијано и соло пеење од класите на Ана Петровска, Марија Пулковска Здравковска и Наташа Миха Пух.
Од таму велат дека програмата за концертот опфаќа дела од класична музика на пијано, соло пеење, неколку кинески, полски и забавни мелодиии со деца од различни возрасти.

Концертите се дел од редовните случувања во училиштето, а периодов во тек се и уписите за основно музичко образование, кои траат до 8 јуни.
Концертите се прекрасна можност за секој кој сака да се увери во посветеноста и вложениот труд на професорите во поддршката и унапредувањето на талентите и креативноста на учениците. На тие настани, учениците го покажуваат наученото, а публиката секогаш ужива во подготвените дела.

