ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово приредува голем музички хепенинг под мотото „Песна, игра и насмевка за моето училиште”.
Од училиштето најавуваат богата музичка програма со песнички, ора и танци. Настанот е закажан за вторник (12 мај), со почеток во 17 часот, во училишниот двор.

Од таму ги повикуваат сите дечиња од Тетово да дојдат и да се забавуваат.

