Градскиот мешан хор „Балтепе“ ќе настапи пред „Некст тајм“ на Тетовско културно лето

Сподели:

25 јули е резервиран за музика на градскиот плоштад во Тетово, како дел од манифестацијата „Тетовско културно лето“.

Имено, најавен е настапот на бендот „Некст тајм“, а пред популарното дуо ќе настапи и Градскиот мешан хор „Балтепе“. Хорот иако е релативно нов, веќе бележи низа успешни настапи и наидува на позитивни реакции од публиката.

Музичката агенда на 25 јули е закажана за 20 часот.

Покрај Градскиот мешан хор „Балтепе“ и „Некст тајм“, тетовската публика ќе ја забавуваат и „Теди анд бреинфризерс“, кои доаѓаат од Гостивар.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top