Есента во знакот на детската песна – во недела ќе се одржи детскиот фестивал „Јаболчиња есен 2026“

Сподели:

Тетово и оваа есен ќе биде исполнето со детска музика и насмевки.

На 25 октомври 2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово ќе се одржи „Јаболчиња есен 2026“, фестивалот посветен на детската музика и забавните песни.

Фестивалот претставува можност најмладите преку музиката да ја покажат својата креативност, талент и љубов кон песната, а публиката да ужива во весела музичка програма исполнета со детска енергија и позитивни емоции.

Со својата шарена есенска атмосфера и весел музички дух, „Јаболчиња есен 2026“ има цел да ја поттикне детската музичка креативност и да понуди настан во кој главни ѕвезди ќе бидат најмладите.

Сите љубители на детската музика, родителите и децата се поканети да бидат дел од оваа есенска музичка дружба и заедно да уживаат во песните, насмевките и радоста што ја носи детскиот фестивал.

„Јаболчиња“ е фестивал кој се одржува веќе три децении и е вистински музички бренд на градот Тетово. Билети може да се купат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, кај Али.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top