Вечер исполнета со одлична музика, емоции и заедништво и со една јасна цел, подигнување и помагање на фудбалскиот клуб Тетекс.
Вака го опишуваат настанот од Управата на ФК Тетекс, кој ќе се одржи во сабота (18.04.26), наречен „Македонска вечер“. Локацијата на настанот е кафулето Simple.
-Ова ќе биде вечер во која заедно ќе покажеме љубов и поддршка кон нашиот клуб, но и кон македонската музика и уметност. Главни ѕвезди на вечерта ќе бидат Next Time и Влатко Лозаноски, кои ќе се погрижат за вистински музички спектакл и незаборавна атмосфера, а за добрата забава во текот на вечерта ќе ве загреваат и ќе ве забавуваат DJ Master и Dresden Offline. Картите за настанот се пуштени во продажба по цена од 300 денари, а може да се набават во: Simple Cafe, Двор 21 и Саше Мастер 078 323 595 – известуваат од Управата на ФК Тетекс.
Од таму и со информација за сите оние кои веќе направиле резервации:
Од ФК Тетекс ги повикуваат сите љубители на добрата македонска музика, сите пријатели, симпатизери и поддржувачи на ФК Тетекс, да ја резервираат својата карта навреме и со своето присуство да дадат поддршка и за македонската музика и за ФК Тетекс.

