Здружението ИРЗ од Тетово информира дека од 15 септември 2026 година, ќе започне со услугата „Возило наречена желба“, или на англиски „Wish ambulance“.
Како што велат од ИРЗ, целта е да се разубават и да се направат посреќни последните мигови од животот на лицата кои се во терминална фаза. Здружението ИРЗ ја нуди услугата со свое амбулантно возило.
-Директни корисници може да бидат лица кои што според проценка на лекарите се пред крајот на својот живот и коишто би сакале да го посетата своето родно место, некоја туристичка локација или кое било место во Македонија, но не можат да го направат тоа со класично возило, па за тоа им треба мабулантно возило. Поаѓањето и враќањето треба да се реализира во еден еден, доколку не биде подруго договорено – велат од ИРЗ.

Од таму додаваат дека во амбулантното возило нема да се нуди медицинска нега, туку ќе се обезбеди санитарен транспорт. Лицето може да биде во лежечка положба и во возилото да има придружба. Нарачателот може да обезбеди и медицинска нега, но на сопствена одговорност.
За користење на услугата, нарачателот може да испрати порака на оваа ФБ страница https://www.facebook.com/wish.cdi.
-Оваа услуга ќе ја започнеме бесплатно за првите 2-3 случаеви и паралелно ќе се обидеме да се прошириме што е можно повеќе. Во иднина очекуваме од нарачателите да ги покријат директните трошоци за користење на возилото како што се гориво итн. ИРЗ не очекува дополнителен приход по овој основ, освен да бидат покриени директните трошоци – велат од ИРЗ.

