Програма за одбележување на 83 годишнината од загинувањето на револуционерот Иљо Антески – Смок

Сподели:

Во петок ќе се одбележи 83 годишнината од херојското загинување на нашиот сограѓанин, борец и револуционер Иљо Антески – Смок.

Од ОО Сојузот на борци Тетово истакнуваат дека во соработка со Музејот на тетовскиот крај, ќе реализираат пригодна програма за одбележување на значајниот датум. Имено, информираат дека во петок (15.05.26), со почеток во 10 часот и 30 минути, пред споменикот на Иљо Антески – Смок (Два Бреста), ќе се се одржи историски час, ќе се положи свежо цвеќе од неколку делегации, а дел од програмата се и учениците од основните училишта во Тетово.

Од ОО Сојуз на борци Тетово ги покануваат сограѓаните во што поголем број да присуствуваат на овој настан.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top